1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Фотографија на денот: Аптека-автомат

ЕМФ
30 јануари 2018

Рецептот во автомат, нарачката дома - во автоматите за рецепти, како овој во Најдлинген, рецептот се скенира, а потоа аптекар ги носи лековите на домашна адреса.

https://p.dw.com/p/2riHK
Deutschland BdT Rezeptsammelstelle
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow

Во местата во Германија каде најблиската аптека е далеку, со вакви „Дигитални собирни места за рецепти“, на пациентите треба да им се помогне најбрзо што е можно. Веднаш штом рецептот ќе биде скениран, аптеката го има на екран и ги испраќа лековите до пациентот. Освен тоа, пациентот преку автоматот има можност и да воспостави директен контакт со аптеката и да нарача и лекови кои не одат на рецепт. Во Германија засега законски не е можно лекови да се добиваат со притисок на копче, како во Холандија. Таму има можност пациентот да воспостави видео-чет со аптекарот, а тој со притисок на копче да му ги даде лековите на лице место.