Религија
Втор осамен Велики петок за папата Франциско
3 април 2021Реклама
Во спомен на страдањата на Исус Христос, папата Франциско синоќа на Великопеточната процесија, Патот на солзите и претходно, на Великопеточната миса, беше придружен само од малкумина верници, деца и свештеници.
Патот на солзите го симболизира страдањето на Исус Христос од неговото осудување на смрт, до распнувањето на крстот.
Папата повторно мора да го слави Велигденво ковид-услови. Без маси верници, без миење нозе, без Великопеточна процесија на Колосеум.
Сепак, католичките и протестантските христијани го слават најголемиот христијански празник, воскреснувањето на Христос, не само во Ватикан. Утре, на Велигден, поглаварот на Римокатоличката црква ќе одржи свечена миса и ќе го сподели традиционалниот благослов Урби ет орби.