1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Да се спаси барем нешто пред налетот на огнот

ЖА
6 август 2021

Луѓето се обидуваат да спасат барем нешто од својот посед, додека пожар беснее во шумска област северно од Атина, огнот таму повторно се шири, повеќе населби се евакуираат

https://p.dw.com/p/3ycbv
BdTD | Griechenland | Waldbrände Athen
Фотографија: Angelos Tzortzinis/dpa/picture alliance

Ситуацијата со пожарите во Грција, како и во соседните земји на Балкан, Северна Македонија, Бугарија, и натаму се заострува. На многу места пожарите се локализирани, но во исто време избиваат нови или пак наново се разгоруваат и шират постојните.

Во регионот северно од Атина жителите од повеќе населби се повикани да го напуштат регионот. Полицијата оди од куќа во куќа за никој да не остане заборавен. Пред налетот на пламените јазици луѓето ги напуштаат домовите со она што мислат дека им е највредно или што можат да го земат.

Во последните 24 часа во Грција избувнале 86 нови пожари. Дури и на километри оддалеченост, се гледаат пламени јазици и се чувствува мирис на чад, велат жителите.