1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

„Златната кокошка“ на пандемијата

СН/агенции
19 март 2021

Германските статистичари имаат нова величина во надворешната трговија: заштитните маски. Тие биле увезени во вредност од шест милијарди евра во 2020 година. Доходовен бизнис за аптеките и за главниот производител Кина.

https://p.dw.com/p/3qqUP
FFP2-Schutzmaske
Фотографија: Ohde/Bildagentur-online/picture alliance

Симболот на пандемијата на коронавирусот дефинитивно е маската. Најнапред онаа од ткаенина, а сега сè повеќе таканаречени ФФП2 маски.  Така и во надворешно-трговската размена се разви нова величина.

Според тоа, според прелиминарните проценки на германскиот завод за статистика, маски во вредност од шест милијарди евра биле увезени во Германија во 2020 година.

Само во април и мај претходната година - во екот на првиот бран на вирусот - биле увезени маски во вредност од 3,5 милијарди евра.

Повеќе:

-Маски, пари и немање морал

-Аферата со маски ги тресе германските конзервативци

-Истрага за поткуп против германски пратеник во случај „заштитни маски“

Во јуни и во јули биле додадени дополнителни маски во вредност од 1,4 милијарди евра. „Ова значи дека 80 проценти од увозот на заштитни маски во 2020 година се случил во месеците од април до јули 2020 година“, соопшти заводот. 

Кина го снабдува светот со заштитни маски

Од почетокот на годинава, се евидентира и точниот бројот на увезени маски. Во јануари 2021 година беа увезени 1,4 милијарди заштитни маски со вредност од 186,7 милиони евра.

Од нив, 1,1 милијарди парчиња за 166,7 милиони евра биле  т.н. филтрирачки маски односно ФФП2.

Сите бројки се однесуваат на увозот на маски од Кина. Народната Република има корист од побарувачката, бидејќи 94 проценти од сите заштитни маски на глобално ниво се испорачуваат од Кина.