Мало разладување од рекордните горештини
28 јуни 2021Во мстото Литон, околу сто километри северо-источно од канадскиот град Ванкувер, вчера беа измерени измерени 46,1 Целзиусов степен. Тоа е повеќе од еден степен потопло од претходната максимална температура. Повеќе градови на северозападот на САД и во Канада исто така пријавија историски максимални температури, вклучувајќи ги Сиетл, Портланд и Јуџин.
Ваквите високи температури се сметаат за потенцијално опасни за регионот каде многумина живеат без климатизација, бидејќи ретко им е потребна.
Властите затоа се обидуваат на различни начини да им помогнат на граѓаните да се справат со рекордните горештини. Во погодените градови во САД отворени се центри за разладување, односно затворени простории со климатизација, додека пак во Канада, како на оваа #ФотографијаНаДенот никнаа бројни станици за водено разладување.
Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредувања за екстремни температури и во наредните денови и повика на претпазливост во сојузните држави Орегон и Вашингтон, како и во делови од Калифорнија и Ајдахо, со порака до жителите дека последиците од овој топлотен бран можат да бидат фатални.