На Божиќен панаѓур, но со корона-потврда
17 ноември 2021Реклама
По две години пауза поради пандемијата, во повеќе германски градови годинава повторно се подготвуваат Божиќните панаѓури. Некои веќе се отворени, како овој во Оберхаузен, но, пристап имаат само оние кои се вакцинирани, кои ја прележале болеста или имаат актуелен негативен тест на коронавирус. Локалните власти во некои градови применуваат и уште построги мерки: само оние кои се вакцинирани или се веќе излечени, можат да стигнат до тезгите на кои се продаваат колбаси, варено вино, пржени бадеми, рачно изработена облека или украси.