Бесплатно со автобус и воз во Луксембург
23 јануари 2019Без разлика дали автобусите, трамваите или возовите, целиот јавен превоз од 1 март наредната година ќе биде гратис. Единствено ограничување за корисниците: патувања со воз во прва класа. Ваквиот концепт вчера во градот Луксембург го претстави министерот за мобилност Франсоа Бауш и најави големи инвестиции во железницата и автобуси на електричен погон. Кој ќе сака да го користи јавниот транспорт од март 2020 година, веќе нема да му биде потребен билет, туку само лична карта, рече Бауш. Од оваа мерка треба да профитираат и околу 200.000 патници, од Германија, Франција и Белгија кои секојдневно се возат до работното место во Луксембург. Со површина од речиси 2.600 квадратни километри, Луксембург е втората најмала земја-членка на Европската унија.