1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Франција го отповика својот амбасадор во Италија

СН/ агенции
7 февруари 2019

Официјален Париз ги обвини властите во Рим за вербални напади невидени уште од Втората Светска Војна. Франција посакува тие да се вратат на попријателска позиција.

https://p.dw.com/p/3CunX
Der französische Präsident Emmanuel Macron und der italienische Premierminister Giuseppe Conte
Фотографија: Reuters/P.Wojazer

Ескалира спорот меѓу Франција и Италија кој тлее повеќе месеци наназад. Париз денеска соопшти дека го повлекува на консултации својот амбасадор во Рим, по како што беше истакнато во Париз, неоснованите и постојани напади од страна на политичките лидери на Италија во изминативе месеци. Француското министерство за надворешни работи на Франција притоа ја повика Италија да се врати на попријателска позиција кон Франција.

„Франција веќе неколку месеци е цел на зачестени, неосновани напади и срамни изјави ", се наведува во соопштението на министерството.

Тоа уште наведе дека нападите од Италија се без преседан уште од Втората Светска Војна. „Да се има несогласувања е една работа, но да се манипулираат односите за изборни цели е сосема друга. "

Frankreich Gelbwesten-Proteste in Paris
Фотографија: Getty Images/AFP/Z. Abdelkafi

Двајца заменици-премиери на Италија, Матео Салвини од десничарската партија Лега и Луиџи Ди Мајо од популистичкото анти-естаблишментско движење „Пет ѕвезди“ го критикуваа францускиот претседател Емануел Макрон за бројни чувствителни теми.

„Сите овие постапки создаваат сериозна ситуација во која се поставува прашањето во врска со намерите на италијанската влада кон Франција“, се истакнува во соопштението на министерството.

Најновата непријатност за владата во Париз беше состанокот на италијанскииот вицепремиер Луиџи ди Мајо со лидерот на француското протестно движење „Жолти елеци“, Кристоф Халенкон, кое со недели на улиците на француските градови демонстрира против политиките на францускиот претседател Емануел Макрон.