Фудбал
Фотографија на денот: Италија е првиот финалист на ЕУРО 2020
7 јули 2021Реклама
Вчеравечер со 4:2 по изведување пенали беше совладана репрезентацијата на Шпанија. Селекторот Роберто Манчини призна дека против силните Шпанци била неопходна и многу среќа. „Натпреварот беше тежок, ни предизвикаа тешкотии и страдавме. Пеналите се секогаш лотарија. Комплименти за Шпанија“, рече Манчини по полуфиналето.
Италијанците уживаат во овој посебен триумф и се надеваат дека ќе го освојат ЕП. Овие навивачи на стадионот Вембли носеа знаме со натпис: „Доаѓа во Рим“, алудирајќи на победничкиот пехар. Тие ја живеат, како што напиша „Газета дело спорт“, својата „азурно сина приказна без крај“.