1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Харков се подготвува за руска инвазија

Александра Инѓушова/ Жана Ацеска20 септември 2014

Без оглед на примирјето во регионите Доњецк и Луганск, во соседната област кај Харков се вршат подготовки за можен продор на проруски сепаратисти. Се обезбедува и границата кон Русија.

https://p.dw.com/p/1DFn2
Фотографија: DW

На украинскиот граничен премин Плетенивка владее раздвиженост. Доброволци копаат ровови. Најголем дел од активистите доаѓа од блискиот милионски град Харков. Таму владее загриженост дека конфликтот нема да остане ограничен на соседниот регион.

Доброволците се огласија на повикот проширен преку социјалните мрежи за помош во зацврстување на државната граница кон Русија, известува Дмитро Маковежкиј од „Хромадска варта“ (Граѓанска стража). Преку социјалните мрежи се собираат и пари за лопати, ракавици, алати и изнајмување возила.

„Граничните службеници ни ставија на располагање багер. Но, нам ни треба еден поголем, за во еден дем да го постигнеме она за што ни треба сега цела недела“, вели Маковежкиј. Но, за тоа нема доволно пари.

Засилени безбедносни мерки

Во Плетенивка веќе половина година се врши засилување на обезбедувањето на границата. Оттогаш со изградба на гранични утврдувања се зафатени и граничните службеници.

„Се разбира, доброволците работат според нашите планови и под надзор на нашите инженери. Вистински сме им благодарни на активистите“, вели Сергиј Колесниченко од украинската погранична служба. Според овој офицер, на руската страна на границата кај преминот Шебекино завладеала вознемиреност кога на украинската страна се појавиле цивили со лопати, пеејќи патриотски песни.

„Ние ги информираме Русите дека се вршат градежни работи и ситуацијата се смири“.

На добороволците од Харков им помага и поранешниот соработник на украинската служба за справување со катастрофи, Микола Григорјев. Тој доаѓа од пет километри оддалеченото место Вовчанск.

Ukraine Russland Grenze Grenzbefästigung durch Freiwillige in Charkiw
Подготовки за евентуална војна кај ХарковФотографија: DW

„Од мојот град дојдоа само шестмина за да копаме ровови. Градоначалникот, пратениците и мнозинството жители на претседателските избори во мај гласаа за Партијата на регионите“, известува Григорјев. Во Вовчанск има многумина приврзеници на старат власт и на поранешниот претседател Виктор Јануукович, кој побегна во Русија, со жалење констатира Григорјев, кој токму од таа причина овој граничен премин го смета за посебно проблематичен.

Вежби за самоодбрана

Поради стравот од руска инвазија, во Харков, 80 километри оддалечен од Плетенивка, еден „отворен универзитет“ спроведува вежби на јавни места. Со нив се планира подготовка на луѓето во случај на можни борби.

„Секој треба да има спакувано куфер со најпотребни работи за итен случај, со документи, резерви храна, вода и лекови. Не треба да се бара засолниште во метро, туку во јавни подземни скривници“, им објаснува на учесниците Татјана Рјабокон од харковскиот Сојуз на падобранци. Меѓу инструкторите се борци десантна единица кои биле во мисија во источна Украина.

На вежбите на „универзитетот“ секој викенд учествуваа повеќе стотици жители. Нив ги обучуваат да ракуваат со оружје и да помогаат на ранети. Постојат обуки кои се плаќаат, но и бесплатни, а може дури да се стен член и на партизанска единица.

„Можат да учествуваат и мажи и жени, кои треба да се способни за герилски активности“, вели инструкторка во партизанскиот батаљон „Корпус Исток“. Нему сака да му се приклучи 22-годишниот Јарослав, кој вели дека од здравствени причини не смеел да служи во војска. Но, сега, поради ситуацијата во земјата, сака да научи да се брани самиот и своите најблиски.

Ukraine Russland Grenze Oxana Martschuk
Оксана МарчукФотографија: DW

Активисти контролираат бункери

Властите обезбедуваат подготовки за одбрана на Харков веќе подолго време, подигнати се бројни улични барикади. Војниците градат утврдувања, а службите за одбрана регистрираат доброволци за случај да дојде до борби. Регионалната управа сака во целост да го информира населението за бункерите и да им овозможи пристап до нив. Но, тоа не е доволно, смета Оксана Марчук. Таа тврди, требало да поминат недели додека властите неа и на останатите активисти им доделиле список на бункерите. По нивната обиколка, констатирано е дека само во една третина од засолништата може навистина да престојуваат луѓе.

„Останатите се затворени или се полни со отпад, не можат да функционираат, па ние организиравме доброволци задаги исчистат“, вели Оксана.

„Евро-Мајдан“ и „Анти-Мајдан“

Властите ги молат активистите да не внесуваат непотребна паника кај населението. Но, активистите се уверени-колку пдодбро градот е подготвен за за евентуална инвазија на руски трупи и паравојски од Доњецк, помали се шансите за војна.

„Подобро е цело население да биде во состојба на подготвеност, а ништо да не се случи, отколку обратно“, вели Татјана Пасинок од харковскиот огранок на движењето „Евро-Мајдан“.

Проевропските активисти предупредуваат на „сепаратистичкa бомба“ во Харков. Тоа се однесува на приврзениците на прорускиот „Анти-Мајдан“. Иако нивните активности се забранети, тие веќе шест месеци редовно се собираат, секој викенд околу стотина. Но, затоа многу повеќе приврзеници има „Евро-Мајдан“. Меѓу двата табора постојано доаѓа до меѓусебни судири. и тепачки.