1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска незадоволна од пресудата за „Вуковарска тројка“

28 септември 2007

Хашкиот суд за воени злосторства донесе предсуда за тројцата српски официри обвиенти за настаните во Вуковар. Во Хрватска со неговување се рагира на пресудата во случајот Вуковарска тројка.

https://p.dw.com/p/Bkny
ВуковарФотографија: Flickr

Пресудата на членовите на Вуковарската тројка предизвика огорчување во јавноста и кај сите политички фактори во Хрватска. Пресудата без исклучок е окарактеризирана како срамота. Еве што во прватат ракција изјави хрватскиот премиер Иво Санадер

„Би сакал само едно да кажам. Дека како хрватска влада ќе сториме се’ за тоа и воопшто за работата на судот да се расправа пред Советот за безбедност. Имено цел свет сведочеше на трагедијата во Вуковар, на цивилните жртви по воените борби, цивилни жртви кои се убиени и за кои тројцата требаше да одговраат. Не сакам да ги коментирам тие пресуди бидејќи се срамота.“

Претседателот на Хрватска Стипе Месиќ, во Њујорк оцени дека пресудата е неприфатлива и по висина на казната и по објаснувањето. Така што делумниот резултат од тужбата која не ги опфати сите релевантни елементи на неделата во кои учествувале обвинетите.

Со правната одлука не е задоволно ниту обвиниетлството, кое бараше доживотна казна затвор за тројцата обвинети. Но Веселин Cлјиванчанин доби пет години затвор, сообвинетиот Мирослав Радиќ е ослободен.А највисокиот по ранг српски официр по објавувањето на пресудата од предесевачот судија Кевин Пркер, мора да остане долги години во затвор „Миле Мркшиќ е осуден на 20 години затвор“

Мркшиќ во 1991 година беше командатат на еднинцата на Југословенската народна армија која по запоседнувањето на хрватскиот град Вуковар, држеше цивили како воени заробеници. Конкретно во овој случај познат како „Вуковарска тројка“ станува збор за убивање на 264 лица, кои биле грабнати од болницата во градот и на имот во соседното место Овчара биле мачени и убиени. Телата на речиси 200 мртви подоцна се пронајдени во масовна гробница во близина на местото каде било извршено злосторството.