Хрватска успешно ги заврши преговорите со ЕУ
1 јули 2011Реклама
Хрватска ќе биде 28. земја членка на ЕУ. Вчера (30.06.), на последниот ден на унгарското претседателство со ЕУ, во Брисел се затворени последните четири поглавја на пристапните преговори, со што се отвори патот за членство, на 1. јули 2013 година. Шефот на унгарската дипломатија Јанош Мартоњи изрази надеж дека пристапниот договор ќе биде потпишан до крајот на полското претседателство со Унијата. „Во дваесетте години независност, Хрватска драстично се промени. Направи импресивен напредок кон исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ. Тоа денеска е наградено“, изјави еврокомесарот задолжен за проширување на Унијата, Штефан Филе.
Автор: ЕМФ/ ТТ /макфакс
Редактор:Александра Трајковска