1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Црна Гора се дави без туристи

Драган Максимовиќ
27 јули 2020

Црна Гора бележи големи загуби во туризмот. Границите се затворени за повеќето земји, меѓу кои и Србија. Половина од хотелите воопшто не се отворени, а на плажите се воглавно домашни гости.

https://p.dw.com/p/3fzvs
Montenegro Coronakrise Tourismus
Фотографија: DW/D. Maksimovic

„Годинава ништо. Се пропадна“, раскажува Драган од Тиват, огорчен поради тоа што годинава има 90 отсто помалку туристи во Црна Гора, а подобрување не е на повидок.
„Гледаш ли дека нема никој, се е празно. Има цели семејства кои живеат од издавање кревети и од тоа живеат. Што ќе прават сега? Не затворија како овци, никој не може ни да излезе ни да влезе“, вели Драган. За септември, тој прогнозира „клуч на брава за сите“.
„Ова не е ништо во однос на она што ќе биде. Ќе видите кога ова ќе дојде за наплата за неколку месеци“, прогнозира Драган.

Празна магистрала- празни плажи

Доколку тргнете од магистрала од Херцег Нови до Улцињ, странци речиси и да нема. Понекоја регистерска табличка од БиХ, од Србија речиси и воопшто, и по некој Германец или Русин на плажите.
Олга од Русија пристигнала пред неколку дена.
„Имам тука недвижност и затоа можев да дојдам. Пријателите кои сакаа да дојдат се откажаа поради состојбата со коронавирусот. Во Црна Гора доаѓам од 2010 и никогаш не било вака“, вели Олга.
Паралелно, земјата се подготвува и за избори, па кружат шпекулации дека една од причините за затворањето на границите кон Србија е политичка одлука. Парламентарните избори се закажани за 30 август и од владата велат дека засега нема причина за одложување.

Montenegro Coronakrise Tourismus
Како да се спаси туристичката сезона во Црна Гора?Фотографија: DW/D. Maksimovic
Montenegro Coronakrise Tourismus
Фотографија: DW/D. Maksimovic

Зелена и жолта листа

Во Црна Гора без тест и без ограничувањат можат да влезат државјани на Словенија, Хрватска, Австрија, Белгија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Норвешка, Полска, Словачка, Шпанија и Швајцарија. Тие се на ткн. зелена листа. На жолтата листа се БиХ, Албанија, Канада, Израел, Сингапур и Косово, чии државјани можат да влезат со негативен ПЦР тест не постар од 48 часа.
Половина од хотелите во Црна Гора воопшто не ги ни отворија вратите за туристи бидејќи дојдени се едвај 10 отсто од туристите во однос на минатата година. Истиот проблем го имаат и оние кои издаваат апартмани. Но, и покрај тоа, цените не се пониски во однос на минатата година. Па така, комплет лежалки со чадор чинат од 15 до 20 евра, топка сладолед на плажа- 90 центи, а минерална вода од 0,75л- 3,5 евра.
За Драган од Тиват описот на состојбата започнува и завршува со еден збор- катастрофа.
„Цели семејства во туризмот живеат како келнери, готвачи... Ова е катастрофа. Видете ја магистралата празна- катастрофа. Сега велат дека можеби од почетокот на август ќе ги отворат границите за туристи од некои руски региони. Ќе биде катастрофа ако тоа не се случи. Катастрофа!“

Montenegro Coronakrise Tourismus
Лежалките се подготвени, гостите ги немаФотографија: DW/D. Maksimovic
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема