1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шарена герила блокираше крстосници во Скопје

БГ1 јуни 2016

Шарената револуција ја менува тактиката. Денеска во центарот на Скопје, напладне, беа блокирани три крстосници.

https://p.dw.com/p/1IyOA
Фотографија: Vanco Dzambaski

Членовите на Шарената револуција од денеска ги заоструваат протестите во главниот град. Десетици демонстранти попладнево го блокираа сообраќајот на три важни крстосници во Скопје: кај Соборниот Храм, кај ТЦ Мавровка и кај седиштето на Црвениот крст во Центар.

Anti-Regierungsproteste in Skopje Mazedonien.
Фотографија: Vanco Dzambaski

Според информации на ДВ, од Шарената револуција одлучиле на порадикални чекори поради постојаниот притисок врз нивните членови и сѐ почестите покани за информативни разговори и апсења на демонстранти од страна на полицијата.

Anti-Regierungsproteste in Skopje Mazedonien.
Фотографија: Vanco Dzambaski


Изразување на граѓанското незадоволство се очекува да продолжи на нови начини и во следните денови, а кулминацијата може да се очекува на крајот на неделава.