Шарена револуција продолжува по улиците
Шарената револуција се шири низ македонските градови. Во Скопје се повеќе државни објекти добиваат нови бои. Последна цел на демонстрантите беше Управата за јавни приходи.
Трошите за чоколади, а ние немаме за леб!
„Трошите за чоколади, а ние немаме за леб“, гласеше последниот транспарент кој се појави на протестите во Скопје, како парафраза на „славната“ изјава на министерот за финансии Зоран Ставрески. Демонстрантите потсетија дека земјата се задолжува по 15 евра секоја секунда
Боја за УЈП
Растот на јавниот долг и недомаќинското трошење пари од страна на власта беше поводот за протестот пред седиштето на УЈП.
Балони со боја и пластични пушки
„Вооружени“ со сега веќе традиционалните балони со боја, но и со пластични пушки, незадоволните граѓани целеа кон УЈП. „Каде се парите од задолжувањата?“, прашуваа демонстрантите.
Бомби и чоколада
Пред седиштето на УЈП демонстрантите се потсетија на дел од разговорите од „бомбите“ меѓу министерот за финансии Зоран Ставрески и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Макета на чоколадо беше оставена пред зградата.
Триумфално шаренило
Триумфалната капија или „Порта Македонија“ веќе со денови е целосно офарбана во боите на Шарената револуција. Таа беше меѓу првите објекти од проектот „Скопје 2014“ кој доби нова боја.
Револт за Нешковски
Претходните денови, особено на 5 мај кога се одбележуваше годишнината од минатогодишните протести, честа мета беа и постери со ликови на експремиерот Никола Груевски и ексминистерката Јанкулоска.
Обоени изборни измами
Државната изборна комисија деновиве исто така беше цел на Шарената револуција. Нема да дозволиме избори без прочистен избирачки список порачаа демонстрантите.