1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Шпанија: Отстранување на последните траги од диктатурата

СН/агенции
24 февруари 2021

Историски ден за Мелија. Вака властите во шпанската енклава во Мароко го коментираа остранувањето на последната јавно изложена статуа во земјата на поранешниот диктаторФранциско Франко.

https://p.dw.com/p/3pmU6
Spanien Melilla Franco-Statue
Фотографија: Angela Rios/AFP

Последната статуа на поранешниот шпански диктатор Франциско Франко е отстранета од пред градските порти на Мелија, шпанска енкалва во Мароко.

Работници со багер и тешки дупчалки ја урнаа и платформата на која се наоѓаше кипот.

Статуата, поставена три години по смртта на Фанко (1892-1975), ја истакнуваше неговата улога на командат на Шпанската легија во Римската војна - конфликтот на Шпанија и Франција со берберските племиња во Мароко во 1920-тите години.

Spanien Melilla Franco-Statue
Фотографија: Angela Rios/AFP

Повеќе:

-Задоцнета правдина за жртвите на режимот на Франко

„Ова е историски ден за Мелија“, изјави Елена Фернандез Тревини, задолжена за образование и култура во енкалвата, кога локалниот парламент изгласа отстранување на статуата, нагласувајќи дека тоа е „единствен кип посветен на диктаторот кој е сѐ уште на јавен простор“.

Само крајно десничарската партија Вокс гласаше против овој потег, тврдејќи дека статуата ја слави воената улога на Франко, а не неговата диктатура. Со шпанскиот Закон за историско сеќавање од 2007 година се бара отстранување на сите симболи поврзани со режимот на Франко. Владата спроведе отстранување на неколку споменици со помош на овој закон, вклучувајќи го и преземањето на Летната палата на поранешниот диктатор од неговите наследници минатата година.