1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Штајнмајер го критикува Иванов

ЕМФ/афп14 април 2016

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер ја критикува одлуката на македонскиот претседател Иванов за амнестија.

https://p.dw.com/p/1IW9e
Фотографија: Reuters/F. Al Nasser

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер оцени дека одлуката на македонскиот претседател Ѓорге Иванов им нанесува штета „на стандардите на правната држава и на правниот мир“. Германскиот министер за надворешни работи денеска соопшти дека е „многу загрижен поради најновиот развој“ на ситуацијата во Македонија. Тој оцени дека одлуката на македонскиот претседател ја поткопува работата на Обвинителството и неговата задача „да ги истражи сите обвинувања за злоупотреба на власта“.

Вчера германската влада изрази длабока загриженост поради одлуката на Иванов и надеж дека нема да дојде до нарушување на јавната безбедност во државата. Освен тоа, во соопштението на германската влада, меѓу другото, беше наведено и дека од особено значење е „Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница.“