1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што велат Германците за брегзит?

Линда Фиреке / ЕМФ24 јуни 2016

Брегзит-таборот победи на референдумот во Велика Британија. Земјата ќе излезе од ЕУ. Како германските граѓани реагираат на историската одлука?

https://p.dw.com/p/1JCLL
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

Додека германските политичари ги разгледувата последиците од одлуката на Британците за излегување од ЕУ, граѓаните расправаат дали одлуката беше исправна или не. Еве дел од ставовите на Германците што ДВ ги анкетираше во Берлин:

„Мислам дека е катастрофа. Ми се чини малку како почеток на крајот. Не се надевам на тоа, но стравувам дека ќе биде така.

„ЕУ значи толку многу. Мислам дека направија грешка.“

„Тажен сум, затоа што Европа е добра идеја. Во Европа има работи кои треба да се подобрат во однос на националните држави и ЕУ, но за тоа може да разговара во рамките на Унијата. Таа шанса, за жал, е пропуштена со излегување на Британците.“

„Штета, ќе ни недостигаат. Мислам дека краткорочно и среднорочно одлучија на своја штета, а долгорочно ќе биде и на наша штета, затоа што губиме демократи кои пулсираат слично на нас.“

„Мислам дека тоа е супер. Ти не се одлучија против Европа, туку против Европската унија и мислам дека тоа е добро. Зашто, за мене е тоа огромно бирократско чудовиште. Тоа мора да се отстрани.“

Грешка или не?