1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што знае дете што е дистанца?

28 мај 2020

На возрасен можеш да му објасниш што е дистанца од два метри, но како да им објасниш на деца од две-три години, се прашуваат родители чии деца наскоро треба да се вратат во градинките

https://p.dw.com/p/3css0
Kindergarten
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Karmann

Терминот во кој може да се очекува отворање на градинките е 15-ти јуни, бидејќи до тогаш ќе биде завршен скринингот на вработените, најави вчера министерот за здравство, Венко Филипче. Ова е можеби најсензитивното прашање со кое во моментов се занимаваат ресорното министерство и Комисијата за заразни болести. Станува збор за најмладата популација, во чие однесување (играње, дружење, заедничка едукација) тешко ќе се вкопи поимот „физичка дистанца". Децата наскоро треба повторно да бидат згрижени во претшколските установи, а во нив да бидат обезбедени сите предуслови за превенција од Ковид-19.

Во моментов не им е лесно ниту на надлежните, ниту на родителите. Според резултатите од анкетирањето што го направиле градинките, сите родители не се изјасниле дека ќе ги носат децата во градинка кога тие ќе се отворат.

„Оние кои немаат семејна поддршка за чување на децата, или не се во можност да ангажираат лице за таа цел, практично немаат друг избор освен градинката. Некои имаат потреба „веднаш“ да ги донесат децата во градинка, други се изјаснија дека тоа ќе го сторат кога ќе се укине мерката за дозволено отсуство на еден родител кој има дете до 10 години. Родители кои имаат семејна поддршка за грижа за децата, велат дека би ги донеле децата во градинка заради важноста од дружење и едукација, но не веднаш по отворањето на градинките, туку во некој период подоцна. Веројатно сакаат да се уверат како се ќе функционира“, велат од скопска градинка.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Без прегратки

Според анкетите, во некои градинки би се вратиле околу половина од децата, во некои една третина. Но, сметаат дека и ова треба да се земе со резерва, бидејќи ако градинките се отворат во средината на јуни, кога и во редовни ситуации се намалува бројката на деца заради летни одмори, тоа може дополнително да влијае на очекувано присуство.

Повеќе:

-Пандемијата и родителите: Кој да не спаси од децата?

-Коронавирусот ги затвори градинките и училиштата, спортот без публика

Кои се дилемите на родителите? Некои сметаат дека е мал просторот во градинките кои ги посетуваат нивните деца, односно несодветен за очекуваната дистанца, други стравуваат дека проблем може да биде самото однесување на децата. 
„На возрасен можеш да му објасниш што е физичка дистанца од два метри. Но, како да им објасниш на деца од две-три години, кои едвај чекаат да си поиграат со другарчињата, едно до друго, што не подразбира никаква дистанца? Си играат едно до друго, се прегрнуваат, честопатиот за јадењ знаат да се ‘почестат’ со исто лижавче, или несвесно да си го заменат прибореДанска постепено ги отвора градинките и училиштата. Во нашата градинка има прекрасни и одговорни лица, но за нив ќе биде најтешко да ги исконтролираат сите вакви ситуации. Мене токму тие претпоставени ситуации ми создаваат дилеми“, вели мајка на тригодишно дете.

Градинката носи предности за децата

Одговори бараат и негователките.

„Не е во прашање само дистанцата меѓу децата. Ако се скараат меѓу себе заради некоја играчка, или ако се натажат, децата бараат утеха и прегратка кај нас. Досега тоа никогаш не било проблем, а сега ќе треба да важи правилото - без прегратка. Како на детето да му го објасниш тоа?", вели негователка.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Скринингот не е завршен 


Сликата за состојбите и очекуваните одговори ќе бидат појасни кога ќе биде готов планот и протоколот кој Министерството за труд и социјална политика го прави го прави во соработка Комисијата за заразни болести. Но, пред се, треба за заврши скрининг-тестирањето за коронавирус на вработените во градинките, кој тече во моментов. Според Арбен Зибери, директор на Институтот за јавно здравје - Скопје, на територијата на Град Скопје досега се тестирани половина од лицата вработени во градинките, а позитивна на Ковид-19 досега била само една вработена.
„Во Скопје има околу 2.000 вработени во градинките според списоците што ги добивме од Министерството за труд и социјална политика. Досега има околу 1.100 тестирани, значи не очекува уште малку. Бидејќи работиме и во саботи и во недели, мислам дека до крајот на оваа недела ќе ги завршиме тестирањата во градинките“, најави Зибери.


Скринингот во Битола го потврдил вирусот кај уште едно лице од технички персонал во градинка. Иако е е охрабрувачки фактот дека досега станува збор за само два случаи, веќе е извесно дека во претстојниот период во градинките нема да се врати ист број на деца како во периодот пред корона-кризата. Сепак, градинките се подготвуваат за денот Д, со дезинфекција на просторот, на играчките, перење на постелнините, чистење и уредување на дворовите... 

Но, не се во прашање само децата од претшколска возраст. Со владината мерка беше дозволено отсуство од работа на еден родител кој има дете до 10 години, па прашањето е каде и како да бидат згрижени и училишните деца до десет години, кога нивните родители ќе се вратат на работа. Во моментов се разгледуваат неколку модалитети за нивно згрижување: бидејќи во летните месеци се намалува бројот на деца кои одат во градинка, прашањето е дали таму да се згрижуваат и училишни деца, или тоа да се реализира во школски простории.