Штрук во Авганистан
20 февруари 2007Реклама
Повод за посетата на Петер Штрук на Авганистан е претстојната одлука на германскиот парламент за испраќањето шест разузнавачки авиони од типот „Торнадо„. Бидејќи авионите треба да се користат и на југот од Авганистан, каде се водат огорчени борби со востаничките сили на Талибанците, германските парламентарци стравуваат дека Германија може да биде вовлечена во војната со Талибанците и терористите на Ал Каеда.Во меѓувреме трупите на НАТО успеаја да повратат без борба еден град во западната покраина Фарах. Градот Баква претходниот ден беше заземен од силни единици на Талибанците.