Јунг во Авганистан
7 јуни 2007Реклама
Германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг ги посети војниците на Бундесверот во авганистанскиот град Кундус. Тој при тоа порача дека владата од Берлин врши засилен притисок врз авганистанските власти да ги пронајдат организаторите на атентатот на 19. Мај во кој загинаа тројца германски војници. Тој на војниците во базата во Кундус им најави дека очекува парламентот во октомври да го продолжи мандатот за Авганистан.