1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе реагира ли конечно ЕУ на бегалската драма?

Ф. Таубе/бг20 април 2015

Нов бродолом во Средоземното море и повторно стотици жртви меѓу бегалците од Африка. Време е ЕУ нешто да преземе за да им помогне на тие луѓе

https://p.dw.com/p/1FB5z
Фотографија: Opielok Offshore Carriers/dpa

Се работи за илјадници луѓе, меѓу нив бремени жени, деца, бебиња. Сите сакаат во Европа со надеж за подобар живот.

Бегаат од граѓански војни, политички прогон, невработеност и бесперспективност. Во нехумани услови, постојано под смртна закана.

„Беше многу ризично, но Господ е секогаш на наша страна. Господ ни помогна, затоа денеска сум жив и разговарам со вас“, вели еден мигрант од Нигерија.

Бродовите патуваат со стотици километри. Најчестата цел е италијанскиот брег, на пример островот Лампедуза. Шверцери го организираат превозот со стари чамци или со малечки бродови. Измамените бегалци плаќаат и по неколку илјади евра за превозот.

Само минатата недела италијанската крајбрежна страна спаси 11 илјади луѓе од Средоземното море. Бегалските кампови се преполни. Италија бара од ЕУ конечно да реагира.

„Како можеме да останеме толку бесчувствителни на болката на цела една популација која умира во време кога глобалната комуникација ни овозможува, и бара од нас да знаеме сѐ? Како можеме да останеме рамнодушни?“, се прашува италијанскиот премиер Матео Ренци.

Во октомври 2014 година започна италијанската спасувачка акција Маре Нострум- но нема пари за да продолжи. Наместо него, ЕУ ја започна мисијата Тритон, чија првенствена цел е заштита на границите. Италија веќе долго се чувствува напуштена од Брисел. А со секоја несреќа расте притисокот врз Европа, да се најдат решенија, за да не продолжат хуманитарните трагедии во Средоземното море.

Ќе реагира ли конечно ЕУ на бегалската драма?