1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе успееме ли? Повторно да разговараме?

1 септември 2018

Пред три години канцеларката Ангела Меркел ја изговори едноставната но судбоносна реченица: Ќе успееме! Таа целосно ја промени Германија. Во колкава мерка она „Ќе успееме!“ од 2015 важи и во 2018 година?

https://p.dw.com/p/346ZU
Deutschland PK Merkel
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

Ако во некој момент во далечна иднина Германците се присетат на ерата на Меркел и го побараат големиот наслов со кој тој период може да се нарече, тогаш големи шанси ќе има формулацијата „Ќе успееме!“. Точно пред 3 години канцеларката  ја изговори оваа кратка реченица. Оттогаш е ова најпрестижниот, најмногу анализираниот и најразгледуваниот политички слоган во земјата.

Слоган кој ја промени земјата

Дали беше тоа навистина пред само 3 години? Изгледа како да поминала цела вечност. Поради тоа што оваа реченица во корен ја промени Германија и нејзината бегалска политика и политиката на доделување азил. Не институционално, не економски- туку политички, социјално и пред сѐ- ментално.

Дали успеавме од тогаш? И да и не. Речиси еден милион бегалци пристигнаа во Германија во 2015 година. Барем на почетокот тие беа топло дочекани со култура на добредојде која ја изнесоа многу доброволци, заедници, организации, цркви, здруженија. Огромно мозинство од бегалците се примени пристојно и така и самите се однесуваат. Тоа значи успеа. Но долго време, многу луѓе целосно неконтролирано влегуваа земјата, поради што градовите и општините почнаа да изразуваат загриженост дека сето тоа нема баш лесно да успее. Постоеше чувство оти државата или политиката, немаше волја ниту беше способна да обезбеди регуларен влез во земјата и безбедност.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау

Во меѓувреме, владата на Ангела Меркел чекор по чекор  ја заостри бегалската политика. Можеби и поради тоа што не пронајде мнозинство за поинаков, полиберален курс во бегалската политика ни во Европа ни во самата Германија- па дури ни во својата партија.

Во меѓувреме, одамна веќе не се работи за политика на азил, односно прашањето колку бегалци една земја голема како Германија може да го издржи тоа во кој рок. Сега е повеќе за прашањето на летање и имиграција како поттикнувач на цел список проблеми- на кусо- во комуникацијата меѓу политиката и луѓето. Долготрајните повреди, одеднаш се изненадени: меѓу Исток и Запад, град и земја, десно и лево. Различни општествени групи едвај можат да се сложат околу прашањето која политика е правилна за бегалците. Тонот е агресивен, десничарските популисти и неонацисти го користат тоа за свои потреби. Табуата се укинати, стандардите постојано се менуваат- во текст, во мерка на размислување.

Кој мислеше „ние“?

Не е мал бројот на оние, кои реченицата на Ангела Меркел „Ќе успееме!“ ја толкуваат така што велат: „Под она 'ние', кои требаше да успееме, таа не мислеше на сите нас!“  Главниот товар на политиката за азил мораа да го понесат полицајците градовите и општините, жителите во близина на прифатилиштата за бегалци.  Но, сигурно не и сојузните политичари во Берлин во нивната кула од слонова коска.  А потоа тоа меѓу народот беше сфатено вака: политичарите  не се заинтересирани за нас, обичните граѓани. Не се заинтересирани да видат како се справуваме со глобализацијата,  со  ситуацијата на работното место, со социјалната несигурност.

На слоганот „Ние можеме да го сториме тоа!“   затоа треба да му ги додадеме и овие прашања: Дали општеството, политиката, здруженијата, политичарите и граѓаните ќе успеат да стапат во конструктивни разговори едни со други? Дали ќе се согласиме за централните теми и столбовите на нашиот општествен поредок, кои сите би требало да ги ценат? Ќе имаме ли заеднички став за владеењето на правото, демократијата, социјалната рамнотежа? И за иднината на бегалската политика? Сосема е возможно ова да е многу потешко да се постигне  од сложеното прифаќање и интеграција на бегалците.