1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џонсон згрозен од нападите врз цивили во Харков

БГ /АФП
1 март 2022

Британскиот премиер Борис Џонсон вели дека е „апсолутно згрозен“ од нападите врз цивилни цели кои последниве денови засилено ги вршат руските трупи во Украина.

https://p.dw.com/p/47oiC
Russland-Ukraine-Krieg | Charkiw
Фотографија: Ukrainian Emergency Service/AP Photo/picture alliance

Бомбардирањето на украинскиот град Харков од руските сили е злосторство слично на нападите врз Сараево од страна на Србите во 1990 години, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, додавајќи дека таквите напади го обединуваат светот против Русија.

Коментирајќи го руското бомбардирање на цивилни објекти во Харков, во кое загинаа најмалку 10 луѓе, Џонсон рече дека „апсолутно згрозен“.

„Тоа ме потсетува, доколку се сеќавате, на гранатирањето на пазарот во Сараево од страна на Србите, на бомбардирањето на недолжни луѓе во Босна. За мене тоа е намерно сторено злосторство против цивилни објекти“, рече Џонсон на прес-конференција во Естонија. 

Видео од рускиот напад врз Харков во вторникот: 

 

„Мислам дека на луѓето им се превртуваат стомаците поради ова што се случува и гледаат дека е неопходно да се спротивстават на руската агресија и да ги поддржат Украинците“.

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу загинатите во денешните руски напади врз Харков загинал и еден индиски студент.

Во вторникот, зградата на локалната администрација во Харков беше погодена од руска граната. 
Видео од рускиот напад врз Харков во понеделникот: 

Десетици мртви и повредени цивили во руски ракетен напад врз Харков