156 новозаболени од коронавирус - Скопје на првото место
19 јуни 2020Бројот на регистрирани нови случаи на Ковид-19 не спласнува ни во последните 24 часа. Според Министерството за здравство, направени се 1227 тестирања, при што се утврдени 156 нови инфекции со коронавирус, а најголем дел од нив отпаѓаат на Скопје – 100, следат Куманово-11, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-1, Тетово-19, Струга-2, Велес-6, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Кочани-3, Кратово-1, Свети Николе-1.
Починале вкупно шест лица, четворица пациенти во Скопје и двајца во Тетово. Институтот за јавно здравје регистрирал 27 пациенти кои се излекувани од болеста.
Повеќе:
Градоначалници на средба со Комисијата за заразни болести
Коронавирус: Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија
Мухамед и Бисера Зеќири го победија коронавирусот: Две недели ужас и неизвесност
Од почеткот на епидемијата во С. Македонија, вкупниот број на дијагностицирани случаи на Ковид-19 изнесува 4820 лица, од нив се оздравени 1863, починати се 222, а актуелно активни случаи се 2735.