2017 во 17 слики
Доналд Трамп, бегалската криза, нуклеарни закани, движењето #MeToo, тоа се највпечатливите слики од годинава. И уште неколку кои се досега незабележани.
Протерана
Опасното патување со брод низ Бенгалскиот Залив го преживеа. Иднината останува неизвесна. Оваа жена, поради насилство и угнетување побегна од нејзината будистичка татковина Мјанмар во соседен Бангладеш. Исто како и повеќе од 600.000 други членови на муслиманското малцинство Рохинга од август до сега. Обединетите нации говорат за "етничко чистење".
Паника
Во ирачкиот град Мосул татко и ќерка сакаат да избегаат од теророт кој се случуваше таму. Повеќе од три години, терористичката група „Исламска држава“ го контролираше овој град како и други области во Ирак и Сирија. Во изминативе месеци „ИС“ претрпе тешки порази – и нивното упориште Мосул од јули е повторно под контрола на ирачката влада.
Ладнокрвен
Санкциите на ОН не го вознемирија водачот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун. Тој продолжи да тестира ракети во 2017 година. Пјонгјанг годинава го спроведе шестиот и најмоќен тест за нуклеарно оружје. Тензиите меѓу САД и Северна Кореја екстремно се зголемија откако тестот покажа дека ракетите од Северна Кореја би можеле да стигнат до американското копно.
Сменет
Крајот на една ера: Роберт Мугабе, 93, под притисок од војската и неговата партија мораше да се повлече од функцијата претседател на Зимбабве. Парламентот славеше. Мугабе беше на власт од 1980 уште од независноста на Зимбабве од Велика Британија. 37-годишно владеење, поранешниот национален херој го одржуваше со насилство и изборни измами.
Осуден
Тоа беше едно од најстрашните воени злосторства по Втората светска војна: во нивниот град, Ратко Младиќ уби 8.000 Босанци, вклучувајќи ги и нивните сопрузи и синови. Во моментот кога беше осуден, жените од Сребреница не можеа да се воздржат. Младиќ претходно се криеше шеснаесет години. Меѓународниот кривичен суд во Хаг годинава го осуди на доживотен затвор.
Бунтовен
Со водени топови и насилство, социјалистичкиот претседател Николас Мадуро сакаше да ги стави под контрола демонстрантите во Венецуела. Тие се спротивставуваат на авторитарната влада на Мадуро. Во јули тој го укина Националното собрание, во кое доминираше граѓанската опозиција и формираше контра-парламент. Во исто време Венецуела западна во сериозна економска и хуманитарна криза.
Потиснати
Опозицијата во Русија, по речиси четири години пауза повторно се активираше. Преку социјалните медиуми, лидерот на опозицијата, Алексеј Навални во март собра неколку десетици илјади луѓе на улиците во бројни руски градови кои демонстрираа против корупцијата предводена од претседателот Владимир Путин. Полицијата уапси стотици демонстранти.
Самоувереност
Таа беше една од првите што јавно го обвини филмскиот магнат Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба, предизвикувајќи бран на бес и откази: актерката Роуз МекГован. Под хаштагот #MeToo, илјадници жени и мажи ширум светот ги споделија своите приказни за сексуално вознемирување и злоупотреба.
Лажно
„Научно погрешно", коментираа американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот портпарол Шон Спајсер за медиумските извештаи околу бројот на присутни во публиката на неговата инаугурација. И покрај снимките кои покажуваат дека осум години претходно, на инаугурацијата на Барак Обама имало значително повеќе луѓе. Ова беше првата од многуте контроверзи на Трамп во досегашниот претседателски мандат.
Непопустливост
Се започна со фудбалската ѕвезда Колин Каперник, но во меѓувреме да се клекне на колена за време на националната химна на спортски настан стана симбол. Њу Ингланд Патриотс и многу други на овој начин го искажуваат својот протест против полициската бруталност и расизам во САД, но и револт против претседателот Доналд Трамп кој на ваквиот гест одговори со лути твитови и закани.
Омраза
Десничарските демонстрации во градот Шарлотсвил ескалираа кога еден автомобили се заби во толпата контра-демонстранти. Претседателот Доналд Трамп кратко потоа беше критикуван, бидејќи не ги осуди десничарите, туку зборуваше за „насилство од двете страни". Неколку дена подоцна под притисокот на јавноста мораше да ја корегира изјавата.
Насмевка
Британската активистка Сафијах Кан му смее во лице на лидерот на Лигата за одбрана на Англија (ЕДЛ), Јан Кросленд, со што стана симбол на граѓанска храброст против десницата. На демонстраците во Бирмингем, таа и помогнала на една жена облечена во шамија, на која и се заканувале десничарски демонстранти. Ултра-десниот ЕДЛ е дел од бранот десничарски исламофобични движења низ цела Европа.
Независност?
Една недела по гласањето за независноста на Каталонија, младите во Барселона демонстрираат за единството на земјата. Претходно, шпанската влада се обиде да го спречи контроверзниот референдум за независност со полициско насилство. Улиците на Шпанија постојано се полни со демонстранти, и од оние „За“, но и оние кои се против поделбата на Шпанија.
Отпловени
Ледените планини во Канада кои пловат низ "Авенијата на ледениот брег" кон југ се туристичка атракција – но и предупредување за се поголемите климатски промени. Бидејќи, и покрај тоа што секоја пролет поминуваат покрај брегот на Њуфаундленд, тие се сѐ поголеми ги има се повеќе и доаѓаат многу порано. Ова ги загрижува климатскитте истражувачи.
Начитан
Тој беше во фокусот на Документа 14 во Касел: "Партенон на книги" на аргентинската уметничка Марта Минуин. Фасадата беше украсена со 67.000 книги кои некогаш биле или се уште се забранети некаде во светот. Книгите потоа им беа давани на посетителите. За прв пат, делови од оваа Светската исложба на современа уметност беа изложени и во Атина.
Прескапо
Никој никогаш не платил повеќе за една слика: „Салватор Мунди" на Леонардо да Винчи беше продадена на аукција за 450 милиони долари. Тоа е една од само 20 слики за која со сигурност може да се потврди дека е дело на уметникот. Купувачот? Според аукциската куќа „Кристи“ тоа е Министерството за култура од Абу Даби. Сликата наскоро ќе биде изложена во новиот музеј „Лувр“ во Абу Даби.
Легендарниот
Со години тие беа ривали: Јамајканецот Усеин Болт и Американецот Џастин Гатлин. Тој му оддаде почит на Болт кога се повлече од атлетиката на собирот во Лондон - откако претходно го победи. Девет олимписки злата освои Јамајканецот и сеуште е единствениот човек кој има истрчано на 100 метри под 9,6 секунди.