1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Случај Капитол: Изречена највисоката затворска казна

СН/агенции
6 септември 2023

Според судот, поранешниот водач на екстремно десничарската американска милиција „Горди момчиња“ го оркестрирал нападот на Капитол во 2021 година. Енрике Тарио ја доби највисоката затворска казна во случајот досега.

https://p.dw.com/p/4VzkK
Енрике Тарио во Мајами во септември 2021 година
Енрике Тарио во Мајами во септември 2021 годинаФотографија: El Nuevo Herald/abaca/picture alliance

Поранешниот лидер на американската екстремно десничарска група „Горди момчиња“, Енрике Тарио, е осуден на 22 години затвор, најтешката казна изречена за нападот на Капитол.

Минатата недела четворица членови на „Горди момчиња“, кои во мај беа прогласени за виновни како и Енрике Тарио, беа осудени на затворски казни од 10 до 18 години.

Досега најтешката казна за напад, 18 години, ја има добиено Стјуарт Роудс, основачот на екстремно десничарската група „Чувари на заклетвата“.

На 6 јануари 2021 година, околу двесте членови на „Горди момчиња“ го нападнаа Капитол, седиштето на Конгресот на САД, со цел да се обидат насилно да ја спречат потврдата за изборната победа на демократот Џо Бајден над тогашниот претседател Доналд Трамп.

Тој ден, рече судијата Тимоти Кели, „ја избриша традицијата на мирен пренос на власта“.

За разлика од останатите четворица, Тарио, за кого обвинителството бараше 33 години затвор, тој ден не бил во Вашингтон, но судијата оценил дека „Тарио бил главниот иницијатор за заговорот“.

На судијата, се чини, не влијаеше каењето на обвинетиот, чиј глас повремено го задушуваше липање и кој 6 јануари 2021 година го оцени како „страшен ден“ и бараше „милост“, како што тоа пред него го направија неговата сестра, свршеница и мајка.

Обвинителот Конор Мулро бараше построга казна за Тарио отколку што добија другите, додека неговите адвокати тврдеа дека нивниот клиент не учествувал во нападите бидејќи тој ден не бил во Вашингтон. Судијата, меѓутоа, оцени дека благодарение на ова можел да се „огради“ од нападот на Капитол.

Енрике Тарио (лево на фотографијата) предводи протест во Вашингтон во декември 2020 година против изборниот исход на претседателските избори во САД
Енрике Тарио (лево на фотографијата) предводи протест во Вашингтон во декември 2020 година против изборниот исход на претседателските избори во САДФотографија: Stephanie Keith/Getty Images

„Отсуството на Тари не ја намалува тежината на неговите постапки бидејќи тој беше повеќе генерал отколку обичен војник“, тврдеше обвинителството.

По нападот на Капитол во јануари 2021 година, повеќе од 1.100 луѓе беа уапсени и обвинети. Повеќе од половината беа осудени, главно на тешки затворски казни.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи