Даниел Смиљков е волонтер психолог кој еднаш неделно ги слуша детските животни предизвици. вели дека децата се јавуваат поради „чувството на страв, чувството на небезбедност, анксиозност“:
„Имало голем број на деца кои што се јавувале и споделувале насилство кое што е извршено дали од родител, дали од наставник, дали од лице кое што е на нивна возраст од училиште.“
Секој нов повик е и нов предизвик, нагласува Смиљков:
„Не знаеш со каков проблем се јавува самиот јавувач, самото дете, со што се соочува. Но можам да ги издвојам еден позитивен и еден негативен повик. Едниот позитивен беше од дете кое што имаше осум – девет години и неговото прашање беше од што се состои светот? Децата и младите не се јавуваат на 'Ало Бушавко' само за проблеми и тогаш кога им треба помош, туку и тогаш кога се љубопитни, тогаш кога сакаат да си ја осознаат средината, кога сакаат да научат нешто ново. Додека од негативната страна, помалку посакуваната е дефинитивно е еден од многуте повици кои што ги имам добиено е поради суицидални мисли, односно мисли за убиство и одземање на својот живот.“
Повиците на „Ало Бушавко“ се слика за кондиција во која се наоѓа македонската младина. Полугодишниот извештај за 2024, вклучува 121 дете, преку 105 повици, на возраст од 7 – 17 години.
Психолог Клементина Добревска прави споредба:
„Клучната разлика споредбено меѓу полугодишните извештаи за 2023 и 2024 година е менталното здравје кај децата, односно зголемениот број на дојави во 2024 година, небаре двојно повеќе од минатата година, односно со 63 % застапеност на дојави за менталното здравје кај децата. Што тоа значи? Децата имаат двојно повеќе присутност на страв и вознемиреност, проблеми со расположението, па дури и моменти каде имаат загриженост за себе си и доаѓа до суицидални мисли.“
Кои се најчестите причини за да се сврти на СОС-линијата, погледнете во видеото!