1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Американски генерал: Украинската офанзива не е неуспешна

Улрике Кваст
19 јули 2023

Шефот на Генералштабот на американската армија, Марк Мили, тврди дека украинската контраофанзива во никој случај не е неуспешна.

https://p.dw.com/p/4U6XI
Марк Мили, шеф на Генералштабот на американската армија
Марк Мили, шеф на Генералштабот на американската армијаФотографија: Manuel Balce Ceneta/AP Photo/picture alliance

Американската армија ги демантира изјавите дека украинската контраофанзива не успеала. Началникот на Генералштабот Марк Мили тврди дека тоа во никој случај не е така:

„Украинците напредуваат стабилно и одлучно“, рече Мили во американското Министерство за одбрана по онлајн-состанокот на Меѓународната контакт група за Украина, чија цел беше координација на воената помош. „Мислам дека претстојат уште многу борби и стојам на она што го кажавме претходно: ќе биде долго, ќе биде тешко, ќе биде крваво“.

Како причина за бавното напредување против руската армија Мили ја наведе областа минирана од напаѓачите. „Загубите што ги претрпеа Украинците во оваа офанзива не се должат толку на силата на руската авијација колку на минските полиња“, рече тој.

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин увери дека сојузниците на Украина нема да се откажат од поддршката за неа. „Нашата работа продолжува и ќе направиме сѐ што можеме за да се осигураме дека Украинците можат да бидат успешни“, изјави тој.

На првата линија на украинската контраофанзива