1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиКазахстан

Авион се урна во Казахстан, преживеале половина од патниците

ЕМФ / дпа
25 декември 2024

Паѓањето на патничкиот авион во Актау, Казахстан, го преживеале речиси половина од патниците.

https://p.dw.com/p/4oZIA
Казахстан Актау I урнат авион
Казахстанските власти зборуваат за 28 преживеаниФотографија: Isa Tazhenbayev/TASS/dpa/picture alliance

Во авионот на Азарбејџан Ерлајнс, кој се урна во Актау, Казахстан, според авиокомпанијата, имало 67 лица. Авиокомпанијата зборува за 62 патници и 5 членови на екипажот, јави од Баку азербејџанската државна новинска агенција Азертаг. Веднаш по несреќата се појавија информациии дека во авионот имало 105 лица. Според првичните информации на Азербејџан Ерлајнс, авионот од типот Ембраер 190 влетал во јато птици, објави Азертаг. Потоа биле преземени обиди за принудно слетување во Актау. Модерните авиони се всушност дизајнирани така да преживеат судир со птици. Но, во тешки случаи, ударите во птици сè уште можат да ги загрозат леталата.

Казахстан Актау 2024 | спасувачи околу урнат авион
Авионот од типот Ембраер 190 влетал во јато птици, објави агенцијата АзертагФотографија: Azamat Sarsenbayev/REUTERS

Казахстанските власти зборуваат за 28 преживеани

Казахстанската агенција Тенгрињус дистрибуираше и видео од несреќата. На него се гледа како авионот паѓа од мала височина на брегот на Каспиското Море непосредно пред аеродромот Актау и се претвора во огнена топка. Сепак, казахстанските власти во текот на утрото известуваа дека сѐ повеќе луѓе се спасуваат живи. До пладне по локално време имаше извештаи за 28 преживеани. Но, има и загинати, вклучително и пилотите. Авионот требало да лета од главниот град на Азербејџан, Баку до Грозни, во руската република Чеченија..