1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоБелорусија

Белорусија: 10 години затвор за Нобелов лауреат

СН/агенции
3 март 2023

Алес Бјаљацки ги документираше репресиите на режимот на Александар Лукашенко во Белорусија, за што ја доби и Нобеловата награда за мир. Сега, меѓутоа, мора да оди во затвор на десет години.

https://p.dw.com/p/4OD8e
Алес Бјаљацки на судско рочиште во Минск на 5 јануари 2023 година
Алес Бјаљацки на судско рочиште во Минск на 5 јануари 2023 година Фотографија: Vitaly Pivovarchik/BELTA/AFP/Getty Images

Судот во Белорусија денеска го осуди добитникот на Нобелова награда за мир, продемократскиот активист Алес Бјаљацки, кој се наоѓа во притвор во Минск, на 10 години затвор поради финансирање на протестите во 2020 година и за затајување на данок.

Алес Бјаљацки, продемократски активист и основач на центарот за човекови права Вјасна, која обезбеди правни и финансиски услуги како помош за демонстрантите за време на бранот немири во Белорусија во 2020 година, е осуден за финасирање на протестот и за затајување на данок.

Тој рече дека е прогонуван поради политички причини. Центарот за човекови права Вјасна беше создаден во 1996 година како одговор на брутално загушените улични протести против режимот на Александар Лукашенко.

Протест против судењето на Бјаљацки во декември 2022 година пред белоруската амбасада во Берлин
Протест против судењето на Бјаљацки во декември 2022 година пред белоруската амбасада во БерлинФотографија: Yana Karpova/DW

Првпат Алес Бјаљацки беше уапсен во 2011 година и помина 3 години во затвор поради обвиненија за затајување на данок, кои ги негираше. Тој беше приведен и во 2020 година по масовните протести поради, како што белоруската опозиција и независните набљудувачи велат, наместените претседателски избори во Белорусија благодарејќи на кои Александар Лукашенко остана на власт.

Групите за заштита на човековите права наведуваат оти во Белорусија има околу 1.500 политички затвореници, а голем број од нив се уапсени по протестите во 2020 година.

Алес Бјаљацки во минатата година ја доби Нобеловата награда за мир и е четврто лице во 121-годишната историја на Нобеловата награди кое ја примило наградата додека било во затвор или во притвор.