1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Берлин: Како да се спречи насилство на новогодишната ноќ?

СН | АРД
31 декември 2024

Нападите врз пожарникарите на новогодишната ноќ кон 2023 шокираа многумина во Берлин. Пожарникарот Али беше меѓу оние кои беа гаѓани со пиротехнички средства. Сега како „маалски менаџер“ сака да спречи тоа да се повтори.

https://p.dw.com/p/4ohaR
Нападите врз полицајци и пожарникари во новогодишната ноќ 2022/23 ја шокираа Германија
Нападите врз полицајци и пожарникари во новогодишната ноќ 2022/23 ја шокираа ГерманијаФотографија: TNN/dpa/picture alliance

„Заедно за мирна новогодишна ноќ“ – пишува на плакатот на влезот во „Дити-Треф“. Просторијата во која се одржува состанокот е исполнета до последно место. Тука се собраа жители на маалото во берлинската населба Кројцберг наречено Вернер-Дитман, млади мајки, пензионери и постари жени. Причината е доаѓањето на т.н „маалски менаџер“ Али Хатаб.

Присутните го познаваат него и уште неколку лица од  противпожарна станица Урбан во главниот град на Германија. Пожарникарите веќе беа во посета еднаш во септември за време на маалскиот фестивал. И оваа вечер станува збор за прослава - имено како новогодишната ноќ да помине без инциденти во оваа маало.

Речиси сите во просторијата имаат своја приказна и речиси сите сакаат да му ја раскажат на Хатаб. За тоа колку било страшно, како горел балконот , како биле гаѓани со пиротехнички средства.

Многумина сакаат забрана на приватните огномети

Барбара со децении живее во оваа населба. „Новогодишната ноќ овде во соседството е воена состојба“, вели таа. „Минатата година овде изгоре контејнер за ѓубре, контејнер за користена облека, уништија се“. Таа вели дека не се чувствува безбедно во својот дом за новогодишната ноќ.

Ќе помине ли мирно оваа новогодишна ноќ во Берлин?
Ќе помине ли мирно оваа новогодишна ноќ во Берлин?Фотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance

Ако се прашуваат Барбара и многу други овде, приватните огномети би бил забранети во Германија . Целта на Хатаб е поинаква: безбедно користење на пиротехнички средства и прекин на нападите врз пожарникарите и итната помош, ставање крај на новогодишната војна на улиците.

Најлошата ноќ

Дочекот на новата 2023 година е причината зошто Али Хатаб посетува младински клубови и училишта. Притоа, не станува збор за обвинување и вперување со прст во некого,  туку, вели тој: „Станува збор за меѓусебно запознавање и почитување“.

Хатаб е пожарникар и во исто време  маалски ополномоштеник во населбатата Кројцберг во Берлин веќе година и половина. Тој волонтираше за тоа, исто како и неговите колеги кои го прават тоа во другите населби на главниот град - во Рајникендорф, Нојкелн, Лихтерфелде.

Ги помешале полицијците и пожарникарите?

Проектот е покренат во летото 2023. Тоа е обид да се најде одговор на прашањето зошто пожарникарите беа нападнати на новогодишната ноќ кога сакаа да спасат човечки животи и да изгаснат пожари.

Ова прашање тогаш си го постави и Али Хатаб. Затоа стапи во контакт со младите. Во разговорите слушнал објаснувања од нив дека не мислеле дека ќе испадне толку лошо и дека ги помешале полицијците и пожарникарите.

Станува збор за човечки животи

Сето тоа не менува ништо. Хатаб вели дека новогодишната ноќ кон 2023 година била тешка. Тој зборува за запалениот автобус во Нојкелн, за фрлањето на пиротехнички средства кон нив и за тоа како младите ги предупредувале соседите за пожарот и можеби со тоа им ги спасиле животите. Ова му е важно: да не се стигматизираат младите.

Улична сцена од Берлин од дочекото на новата 2023 година
Улична сцена од Берлин од дочекото на новата 2023 годинаФотографија: Marius Schwarz/imago images

Хатаб, исто така, сака сите да разберат зошто пожарникарите се на повик и што се случува ако не можат да дојдат да помогнат бидејќи се нападнати. „Можеби ќе умре дете. Некој што го познавате. Или мал оган ќе се претвори во голем пожар“. Станува збор, предупредува тој, за човечки животи - секој пат.

Само заедно

Состанокот го води Емине Јилмаз. Токму таа  го покани Али Хатаб. Емине не живее овде, навечер оди дома. Но, таа исто така сака нешто да се промени.

„Сакаме сето тоа конечно да престане“, вели таа, додавајќи: „Ова можеме да го направиме само заедно“. Затоа на состанокот оваа вечер станува збор за нивните деца, нивните внуци, нивните соседи, иако речиси никој не го признава тоа. Постар човек за момент станува малку погласен. „Ние сепак ги знаеме сите“, вели тој.

Во секој случај, сите ќе одземат нешто од оваа вечер и можеби ќе раскажат дома - на своите деца, внуци и соседи. А Али Хатаб и натаму ќе продолжи да разговара со жителите на населбата.