1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиХоландија

Напади врз фудбалски навивачи во Амстердам: Израел реагира

СН/агенции
8 ноември 2024

По натпреварот од Лига Европа во Амстердам меѓу домашната екипа Ајакс и Макаби од Тел Авив дојде до судири меѓу пропалестински демонстранти и израелските навивачи. Израелските политичари говорат за шокантно насилство.

https://p.dw.com/p/4mmeA
Безредија во текот на ноќта во Амстердам, Холандија
Безредија во текот на ноќта во Амстердам, ХоландијаФотографија: Jeroen Jumelet/picture alliance/dpa/ANP

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди два спасувачки авиони веднаш да се испратат во Амстердам по „многу насилниот инцидент“ насочен кон израелските граѓани, соопшти утринава неговиот кабинети, по извештаите за напади поврзани со фудбалски натпревар.

Министерството за национална безбедност на Израел, исто така, ги повика своите граѓани во холандскиот град да останат во хотелските соби по нападот, се вели во друго соопштение од кабинетот на премиерот.

„Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар наидоа на антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само затоа што се Евреи и Израелци“, објави израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир на X.

Навивачите на Макаби од Тел Авив и на Ајакс пред мечот славеа заедно со развиорено израелско знаме
Навивачите на Макаби од Тел Авив и на Ајакс пред мечот славеа заедно со развиорено израелско знамеФотографија: Jeroen Jumelet/picture alliance/ANP

Локалната полиција соопшти дека 57 лица се приведени по натпреварот додека пропалестинските демонстранти се обидувале да стигнат до стадионот Јохан Кројф, и покрај тоа што градот им забранил да протестираат таму.

Полицијата соопшти дека навивачите го напуштиле стадионот без инциденти, но во текот на ноќта биле пријавени различни судири во центарот на градот.

Израелската војска соопшти дека се подготвува веднаш да распореди спасувачка мисија со координација на холандската влада по фудбалскиот натпревар, во кој Ајакс Амстердам, традиционално идентификуван како еврејски клуб, го совлада Макаби Тел Авив со 5-0.

„Мисијата ќе биде распоредена со помош на товарни авиони и ќе вклучува медицински и спасувачки тимови“, соопшти ИДФ.

На снимка на социјалните мрежи се гледа како толпата трча по улиците и еден човек е претепан.

Холандското Министерство за надворешни работи не ги коментираше веднаш изјавите на израелската влада.