Бундесверот ја заврши евакуацијата од Судан
26 април 2023Бундесверот заврши со летовите за евакуација од Судан. Вчера во Јордан беа префрлени 120 лица од Судан, а нивното натамошно патување во Германија се подготвува, објави Бундесверот на Твитер. Германските државјани кои сѐ уште се во Судан, како што се вели, по потреба би требало да бидат извадени од земјата во наредните денови од страна на меѓународните партнери.
Во изминатите неколку дена воздухопловните сили евакуираа повеќе од 600 луѓе поради несигурната ситуација во Судан, каде што околу десет дена се водат борби меѓу редовните воени сили и паравоени единици. Двете конфликтни страни со своите напади ја занемарија заштитата на цивилите, критикуваше германскиот посредник на ОН, Фолкер Пертес, на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Во борбите во Судан, според информации на ОН, досега загинаа најмалку 460 луѓе, а повредени се околу 4100 лица. Меѓутоа, како што се вели, вистинскиот број на загинати и повредени е веројатно многу повисок.