1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Како да се докаже силување и без пријава во полиција

Карла Блајкер
25 ноември 2022

Мал процент од силуваните жени решава случајот да го пријави во полиција. Во Бранденбург е инициран проект: жените одат на доверлив преглед веднаш, а потоа имаат десет години време за да го пријават злосторството.

https://p.dw.com/p/4K4S0
Жени насилство, силување
Многу силувани жени не го пријавуваат злосторствотоФотографија: Westend61/IMAGO

Насилството против жени и девојчиња е „најраширената форма на повреда на човековите права во светот“, пишува во една статија која ја објавија ОН по повод Денот на борба против насилство врз жените, којшто се одбележува денеска, 25 ноември. 

Според наводите на ОН, повеќе од третина од жените барем еднаш во животот стануваат  жртви на насилство.  Само нешто помалку од 40 проценти од нив бараат помош. Посебно често молчат жени кои се жртви на сексуално насилство. 

„Мнозинството случаи се одвиваат во блиското опкружување на жртвата“,  вели Кнут Албрехт, првиот човек на Покраинскиот институт за судска медицина во германската покраина Бранденбург. „Можеби извршител е мажот, партнерот, чичкото. Жените сакаат да го сочуваат мирот во куќата. Тоа е проследено и со срам. Има илјада причини таквите работи да не се пријават.“

Платформата „Погон“ за подобра помош за жените во нужда

Албрехт и колегите сакаат тоа да го променат. За жените кои или не сакаат или  не смеат да го пријават насилството во полиција , постојат можности да ги сочуваат доказите со доверлив лекарски преглед. Во прашање е пилот-проект во покраината Бранденбург. 

ДНК како доказ 

Преглед по силувањето се врши така што се сочувуваат доказите кои би биле валидни пред суд, доколку жената подоцна сепак реши случајот да го пријави во полиција.

Лекарот ги документира сите видови на повреди. Нападнатата жена со лекарот исполнува прашалник во амбулантата. Во кутијата со докази стигнуваат фотографии на повредите и долната облека. Кога ќе го завршат прегледот, лекарите ги испраќаат доказите на чување во одделението за судска медицина.

Така често се стигнува до траги од ДНК на злосторниците. Идејата е жените да бидат прегледани само колку што е неопходно и според она што сами ќе го кажат за злоделото. „Ако е во прашање орален однос, тогаш не се зема примерок од гениталиите. Ако ејакулацијата се случила по стомакот, тогаш брис се зема само оттаму“, вели Албрехт. 

жени, сексуално насилство
Многу жени поради срам не пријавуваат случај на сексуално насилствоФотографија: Ute Grabowsky/photothek/picture alliance

Дури и без ејакулација, постои шанса на  жртвата да има траги од ДНК од кожата на пенисот. Или, доколку жртвата го изгребала силувачот, траги може да има под ноктите.

Стигмата на сексуалното насилство

Експертите велат дека е важна брзината, зашто туѓата ДНК на телото брзо се разложува и исчезнува. „Освен тоа, ако кај сексуалното насилство со пенетрација дошло до вагинални повреди, тие можат да се утврдат со преглед“, вели лекарката-гинеколог Лаја од Берлин, која нѐ замоли да не ѝ го објавуваме целото име. „По неколку денови или недели, тоа е неможно да се утврди, зашто слузокожата брзо зараснува.“ 

Преглед, па психолошко советување 

По доверливиот преглед, во Бранденбург доказите се чуваат десет години. Тие се така спакувани што без проблеми со години подоцна можат да бидат несоборливи пред суд.

Албрехт, шефот на проектот, вели дека во текот на прегледот жртвата е таа што решава за сѐ. „Прегледот го врши школуван персонал кој постапува многу внимателно. Ако жената се колеба околу земање одреден брис, тогаш тоа не се ни врши“, вели тој.

Во најмала рака жените четири до шест недели по силувањето би требало да посетат гинеколог за да ги извршат тестовите за бременост и заразни болести.

Пилот-проектот во Бранденбург предвидува земањето докази да биде само прв чекор. Потоа следи поддршка на жените којашто подразбира и психолошко советување.