1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Десетици жртви во протестите во Иран

ЕМФ | агенции
24 септември 2022

Властите во Иран не даваат нови информации за бројот на жртвите во земјата кои траат со денови. Организациите за човекови права зборуваат за десетици загинати.

https://p.dw.com/p/4HIPW
Протестите во Иран траат една недела (Техеран, 21.09.2022)
Протестите во Иран траат една недела (Техеран, 21.09.2022)Фотографија: AFP

Министерството за внатрешни работи на Иран соопшти дека не може да даде прецизни информации за бројот на жртвите во протестите кои траат повеќе од една недела. „Има различни групи жртви и затоа точните бројки ќе бидат достапни само по истрагите“, ги пренесуваат денеска (24.09) локалните медиуми зборовите на министерот за внатрешни работи Ахмад Вахиди. Тој сепак повтрди дека меѓу жртвите има и демонстранти и припадници на безбедносните сили и полицајци. Според министерот, луѓе кои сакале да влезат во „високо обезбедувани објекти“ биле застрелани од страна на обезбедувањето.

Иран последен пат пред два дена потврди 17 до 20 жртви во протестите. Иранската државна телевизија ИРИБ јави за 35 жртви, додавајќи дека е тоа неофицијална бројка. Организацијата за човекови права Хјуман Рајтс Иран јави дека досега загинале најмалку 50 луѓе, а уапсени се повеќе од 700 лица.

Протестите избија по смртта на 22-годишната Махса Амини минатата недела. Таа била уапсена од „полицијата за морал“ поради тоа што не ја носела шамијата според строгите правила за облекување. Амини од досега неразјаснети причини паднала во бессознание во полициската станица и починала три дена подоцна во болница. Активистите за човекови права тврдат дека девојката починала поради смртоносен удар во главата. Министерот Вахидни, пак, тврди дека Махса Амини не била тепана.