Експлозија во центарот на Келн, истрагата е во тек
16 септември 2024Експлозија се случи во понеделникот во центарот на западниот германски град Келн, во инцидентот е тешко оштетена една зграда.
Населбата е позната по својот ноќен живот, и е полна со барови и ресторани.
Покраинската полиција на Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека важната патна поврзница во Келн меѓу Рудолфплац и Фризенплац, по привремената блокада во меѓувреме е повторно отворена и сообраќајот повторно се одвива.
Портпаролот на полицијата на новинарите им изјави дека нема докази за тероризам, но одби да коментира дали постои врска со низа слични злосторства поврзани со организираниот криминал низ државата во последните месеци.
Едно лице е полесно повредено и се наоѓа на испитување во болница, соопштија властите. Тие истакнаа дека во моментов ги прегледуваат снимките од надзорните камери за да се утврдат повеќе детали за инцидентот.
Портпаролот на противпожарната единица изјави дека тие биле повикани на местото на настанот, но дека немало потреба за гаснење.