1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ердоган се уште не е подготвен да ја пушти Шведска во НАТО

БГ /дпа
9 ноември 2022

Турција и понатаму одбива да го дозволи влезот на Шведска во НАТО. Состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон во Анкара не донесе голем напредок.

https://p.dw.com/p/4JFBt
Реџеп Таип Ердоган Улф Кристерсон Турција Шведска
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер Улф Кристерсон во АнкараФотографија: Mustafa Kamaci/AA/picture alliance

И покрај позитивните чекори кон реализирање на турските барања за солидарност во битката против тероризмот, Анкара сѐ уште не е подготвена да го дозволи влезот на Шведска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот. 

Неговата влада се уште има потреба да ја смири загриженоста ја јавноста дека солидарноста во НАТО ќе биде обезбедена пред изборите следната година“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Анкара. 

„Верувам дека мојот драг пријател Кристерсон ќе ме разбере во овој момент“, рече Ердоган додавајќи дека Турција се уште очекува конкретни чекори од Шведска, вклучително и репатријација на некои осомничени кои Анкара ги смета за „терористи“. Ердоган директно именуваше еден поранешен главен уредник на сега затворен весник, кој наводно е поврзан со групата на Фетула Ѓулен, како еден од бараните осомничени за екстрадиција. Турција ја смета целата групација за терористичка. 

Нов состанок месецов  

Турција го блокира влезот на Шведска и Финска во НАТО со објаснување дека двете земји им даваат поддршка на групи како забранетата Курдска работничка партија (ПКК), која е класификувана како терористичка организација од ЕУ и САД.

Турција ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и се надева дека на состанокот меѓу трите земји во Стокхолм, планиран кон крајот на месецов, ќе има „по позитивен исход“, рече Ердоган.

Стокхолм „разбира дека членството во НАТО вклучува и одговорност кон другите членки, вклучително и Турција“, рече Кристерсон и додаде:

„Понудив начини на кои Шведска може да и помогне на Турција во битката со тероризмот... Целосно ќе го исполниме трилатералниот меморандум“. Тој алудираше на договорот меѓу Турција, Шведска и Финска постигнат на крајот на јуни.

Покрај Унгарија, Турција е единствената членка на НАТО која се уште не го ратификувала протоколот за влез на двете земји во Алијансата. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема