1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоСоединети Американски Држави

Да се стане милијардер

30 декември 2024

Ишар Гил ја држи копијата на лото ливчето уплатено на неговата бензинска станица во Котонвуд, близу Сакраменто во Калифорнија. Некој муштерија поминал тука, наточил бензин, уплатил лото и – добил 1,22 милијарди долари.

https://p.dw.com/p/4ogBP
Лото ливче уплатено на бензинска станица во Котонвуд, САД вредно 1,22 милијарди долари
Лото ливче уплатено на бензинска станица во Котонвуд, САД вредно 1,22 милијарди долари Фотографија: Rich Pedroncelli/AP Photo/picture alliance

По три месеци во кои никој не ја освои главната награда, во Калифорнија е продаден билет во вредност од околу 1,22 милијарди долари на извлекувањето во петокот вечерта. Идентитетот на добитникот не беше објавен, но е познато каде е уплатено лото ливчето. Ишар Гил ја држи копијата на лото ливчето уплатено на неговата бензинска станица во Котонвуд, близу Сакраменто во Калифорнија. Некој муштерија поминал тука, можеби наточил бензин, уплатил лото и – добил 1,22 милијарди долари. Тоа е да се има среќа.  

Ислаќањето на целата лото добивка е под услов. Истата би била целосно исплатена само доколку победниците се одлучат за пензија исплаќана над 29 години. Но, речиси секој што досега ја освоил главната награда, одлучува да добие еднократна готовинска исплата на делумен износ. На извлекувањето во петокот вечерта, тоа би било околу 549,7 милиони долари.