„Последниот германски рудар“
14 декември 2024Реклама
Поранешниот рудар Јирген Јакубајт работи во рудникот за обука Реклингхаузен, каде постои оригинална градежна копија на рудник за јаглен. Тој прави сѐ за да се погрижи рударството да остане во сеќавањето на луѓето. Јирген Јакубајт сега слегува во рударската јама, каде ги води посетителите низ мрачните тунели и им покажува колку тешка била работата тука. „Ако не го правиме ова, за десет години никој нема да знае што е рударство“, вели Јирген. Во 2018 година беше затворен последниот германски рудник за јаглен „Проспер Ханиел" во Ботроп. Јакубајт тогаш го изнесол последното парче јаглен од тој рудник и симболички го предал на тогашниот претседател на државата.