1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаРоманија

Прошетка меѓу дуносауруси

СН/агенции
19 септември 2024

Сместен на плоштадот Победа во Букурешт, веднаш пред Националниот геолошки музеј, Дино паркот ги поканува сите, големи и мали, на кратка прошетка меѓу десетици диносауруси како Брахиосаурус, Т-Рекс...

https://p.dw.com/p/4kolg
BdTD Rumänien | Dino Park
Фотографија: Andreea Alexandru/AP Photo/picture alliance

Дино паркот е популарна атракција во главниот град на Романија каде семејствата со деца можат да го поминат своето слободно време неколку часа. Паркот во Букурешт зафаќа голема површина, поделен е на неколку области, секоја со свои атракции кои нудат уникатно и возбудливо искуство на откривање на фасцинантниот свет на диносаурусите. Над 30 диносауруси, главно механички управувани, оставаат впечаток дека се реални, од што децата се фасцинирани. Исто така, во Дино паркот децата, но и возрасните, можат да уживаат во други активности, како што се Кино 9Д, јавање диносауруси или возење Дино автомобили.