ПанорамаИндија
Смогот убиец во Њу Делхи
4 ноември 2022Реклама
Чадот од илјадниците огнови на полињата каде што завршила жетвата го обвитка главниот град на Индија со отровен смог. Според наводи на интернационалната компанија за надзор на квалитетот на воздухот IQAir, вредностите на ситна прашина во воздухот во Њу Делхи вчера беа 40 пати повисоки од она што го дозволува Светската здравствена организација. Според IQAir, загадувањето на воздухот достигна степен на „опасно“.
Секоја зима студениот воздух, чадот од изгорените полиња по жетвата и издувните гасови од индустријата и сообраќајот создаваат коктел опасен по здравјето на жителите на главниот град на Индија. Експертите сметаат дека илјадници смртни случаи во Њу Делхи и околината се должат на загадувањето на воздухот.