Сувенир - парче од урнатиот мост Карола во Дрезден
8 октомври 2024Реклама
По уривањето на мостот Карола во главниот град на покраината Саксонија, Дрезден, мали фрагменти од поранешната градба над реката Елба се баран сувенир и вистински продажен хит: првите камчиња со прицврстена плочка практично му биле „грабнати" од рацете, вели Торстен Дае, раководител на локална продавница за подароци и сувенири. „Побарувачката ја надминува понудата", вели Дае, кој моментално се обидува да набави нови залихи од бетонот на паднатиот мост и да ги претвори во сувенири со сертификат.