1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Кој сѐ сака да седне во канцеларската фотелја?

дпа
17 декември 2024

По Унијата, СПД, Зелените и АфД, сега и БСВ има кандидатка за канцелар. Но, дали таа воопшто има шанса за функцијата во однос на конкурентите?

https://p.dw.com/p/4oETu
Германија: По падот на владата – кој  сѐ сака да седне во канцеларската фотелја?
Германија: По падот на владата – кој сѐ сака да седне во канцеларската фотелја? Фотографија: DesignIt/Zoonar/picture alliance

До пред неколку недели Сара Вагенкнехт тоа го сметаше за несериозно, а сега го направи и самата – стана кандидатка за канцелар на нејзината партија. По ЦДУ/ЦСУ, СПД, Зелените и АфД, Сојузот Сара Вагенкнехт е петта партија која истакнува ваков кандидат. И тоа и покрај фактот што БСВ со своите едноцифрени вредности во анкетите на јавното мислење „не гледа никаква реална шанса да добие канцеларска функција.“ Што се крие зад потегот и  кој воопшто има шанса да стане канцелар?

Прегледот би изгледал вака:

Фридрих Мерц од ЦДУ/ЦСУ со најголеми шанси

Во најповолна позиција, десет недели пред сојузните избоди на 23 февруари, е Фридрих Мерц, кандидат од партиите  на Унијата  (Христијанско демократската унија и Христијанско социјалната унија). Унијата во најновите анкети на јавното мислење имаше поддршка од 31 до 33 проценти од гласовите, со што предничи со голема дистанца од конкурентите. 69-годишниот Мерц се надева на уште повеќе, но засега сопствено мнозинство во парламентот не е на повидок. По категоричното отфрлање, посебно од страна на ЦСУ на Зелените како можен коалиционен партнер, според сегашната состојба на нештата, сите изгледи упатуваат на коалиција меѓу Унијата и СПД.

Фридрих Мерц од ЦДУ/ЦСУ со најголеми шанси
Фридрих Мерц од ЦДУ/ЦСУ со најголеми шансиФотографија: Carsten Koall/dpa/picture alliance

Олаф Шолц од СПД ги подобрува шансите

Актуелниот канцелар Олаф Шолц со неговата  Социјалдемократска партија  според анкетите би добил 15 до 18 проценти од гласовите. Без оглед на тоа, 66-годишниот социјалдемократски политичар е убеден дека неговата партија уште може да ја претекне Унијата по падот на досегашната т.н. семафор-влада. Дури и самиот Мерц верува дека СПД може да стигне и до повеќе од 20 проценти. Во таков случај, реална би била опцијата на влада на ЦДУ/ЦСУ со СПД, само не со  Шолц како канцелар.

Актуелниот канцелар Олаф Шолц од СПД
Актуелниот канцелар Олаф Шолц од СПДФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture-alliance

Изолирана – Алис Вајдел од АфД

Партијата Алтернатива за Германија според анкетите се наоѓа на второ место зад Унијата, со 17 до 19 проценти од гласовите. АфД првпат истакнува свој кандидат за канцелар, а тоа е  Алис Вајдел. Добрите резултати во анкетите упатуваат на правото на учество во владата, истакнува 45-годишната Вајдел за својата кандидатура. Но, десничарската партија нема никакви изгледи за коалициски партнер, сите други партии одбиваат соработка со неа, па шансите за канцеларска функција се  мали.

АфД прв пат истакнува свој кандидат за канцелар, а тоа е Алис Вајдел
АфД прв пат истакнува свој кандидат за канцелар, а тоа е Алис ВајделФотографија: Carsten Koall/dpa/picture alliance

На четврто место – вицеканцеларот Роберт Хабек од Зелените

Исто така и  Партијата на Зелените  е далеку од влез во владината централа. Моментално нејзините вредности во анкетите се од 11 до 14 проценти и затоа кандидатурата на сегашниот министер за економија Роберт Хабек малку ја „замаскираа“: Хабек е „кандидат на луѓето во Германија, кој има потенцијал за добар канцелар“. Јасно е дека 55-годишниот политичар се смета за погоден за функцијата, но нејасно е со кого Зелените би формирале владино мнозинство.

Роберт Хабек е „кандидат на луѓето во Германија, кој има потенцијал за добар канцелар“
Роберт Хабек е „кандидат на луѓето во Германија, кој има потенцијал за добар канцелар“Фотографија: Kira Hofmann/photothek.de/picture alliance

Сара Вагенкнехт за БСВ

Сојузот Сара Вагенкнехт во најновите анкети котира меѓу 4 до 8 проценти. Значи, повеќе станува збор за влез во Бундестагот отколку за влез во канцеларскиот кабинет. Тоа што 55-годишната основачка на партијата, Вагенкнехт, сепак ќе настапи како кандидатка за канцелар, генералниот секретар на нејзината партија, Кристијан Лаје вака го објаснува: „Актуелната инфлација на кандидати за канцелар го принуди и БСВ на ваков потег“.

Во партијата не се луди, но сепак немаат полоши шанси отколку Зелените и АфД, вели Лаје: „На овој чекор се одлучивме за на нашите конкуренти да не им овозможиме неоправдана предност.“

И БСВ има кандидатка за канцелар - Сара Вагенкнехт
Сега и БСВ има кандидатка за канцелар - Сара ВагенкнехтФотографија: Christian Mang/REUTERS

Голема рекламна машинерија

Зашто, етикетата „кандидат за канцелар“ е и прашање на ПР: партиите се надеваат на јавност. При  изминатите избори,  во одредени телевизиски емисии беа поканувани само кандидатите за канцелар, своевремно стануваше збор за „дуел“, а сега би била битка на петмина. Дали така успева профилирањето или кај гласачите расте конфузијата, останува отворено прашање.

Кој нема кандидат за канцелар

Партиите сакаат да покажат дека се дораснати за крупни задачи. Со такви потези започнаа Либералите. Во 2002 година тогашниот шеф на ФДП Гидо Вестервеле настапи како кандидат за канцелар и го стартуваше „проектот 18“, асоцијација на посакуваните 18 проценти гласови. Но, самодовербата не успева секогаш, ФДП тогаш доби 7,4 проценти. Актуелните вредности на ФДП во анкетите се меѓу 4 и 5 проценти, тие не истакнаа кандидат за канцелар. Исто како и Левицата, која има околу 3 проценти според анкетите и е соочена со неизвесност на изборите.

Авторка: Верена Шмит-Рошман, дпа