1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоГерманија

Германија: Пукање во фабрика на „Мерцедес“ - двајца загинати

ЖА / агенции
11 мај 2023

Во фабриката на Дајмлер во Зинделфинген дошло до пукање, а според полицијата има двајца загинати, додека осомничениот 53-годишен напаѓач е уапсен.

https://p.dw.com/p/4RCT3
Фабриката на „Мерцедес“ во Зинделфинген
Фабриката на „Мерцедес“ во ЗинделфингенФотографија: Christoph Schmidt/dpa/picture alliance

Во фабриката на „Мерцедес“ во Зинделфинген дошло до пукање со жртви, како што соопшти државното обвинителство од Штутгарт. „Во пукање се ранети две лица, од кои едното почина. Уапсено е едно лице. Сметаме дека станува збор за поединец и дека не се инволвирани други лица надвор од фабриката“, изјави портпарол на Обвинителството утрото. Во меѓувре, соопштено е дека починал и вториот човек кој беше ранет. 

Итниот повик бил примен во полицијата во 7 часот и 45 минути, по што полицијата и возила на брза помош стигнале во фабриката.

Осомничениот напаѓач е 53-годишен човек. 

Полицијата од Лудвигсбург утрово преку Твитер ја потврди акцијата во фабриката, со укажување дека за вработените и за населението не постои никаква опасност.

Весникот „Билд“ јави дека инцидентот се случил во погон каде се произведува С-класата, а заднината на нападот е непозната. Според полицијата, не станува збор за обид за масовно убиство. Поради тековната истрага, претпријатието не објави други детали.