1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски медиуми: Јуриш на Собранието на Белград

Обработка: Немања Рујевиќ
25 декември 2023

Имаше повредени и уапсени, ги пренесуваат штуро германските медиуми агенциските извештаи од Белград по безредијата пред Градското Собрание.

https://p.dw.com/p/4aYGu
Србија I протести во Белград
Белград, 24.12.2023Фотографија: Andrej Isakovic/AFP

„Насобраните на протестот овојпат се упатија кон Градското Собрание, во кое сакаа насилно да влезат. Жандармеријата употребила солзавец, јавуваат локалните медиуми“, пишува најголемата германска новинска агенција ДПА.

Агенцијата ги пренесува официјалните податоци, според кои триесет полицајци се повредени, а повеќе од триесет демонстранти се уапсени.

Србија I Протести во Белград
Белград, 24.12.2023Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

Извештаите на интернет порталите на германските медиуми најмногу се засноваат на тој краток извештај на ДПА, во кој се потсетува дека дел од опозицијата ја обвинува власта за сериозна изборна измама.

Порталите го цитираат претседателот Александар Вучиќ, кој во неделата (24.12) изјави дека има цврсти „докази“ оти насилството било планирано и дека не е во тек никаква „револуција“.

Србија I Протести во Белград
Белград, 24.12.2023Фотографија: Darko Vojinovic/AP/picture alliance

„Јуриш на Собранието со шипки и камења“, гласи насловот на таблоидот „Билд“.

Во извештајот се потсетува дека меѓународната мисија за набљудување на изборите утврди низа „неправилности“, од насилство и купување гласови до наменско полнење на гласачки кутии.

Србија I Протести во Белград
Белград, 24.12.2023Фотографија: Marko Djurica/REUTERS

„Министерството за надворешни работи во Берлин, повикувајќи се на извештајот, објави дека таквите прекршувања се 'неприфатливи за земја со статус на кандидат за ЕУ““, потсетува „Билд“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема