1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Глад и жед: хуманитарна катастрофа во Појасот Газа

Керстен Книп
23 март 2024

Во Појасот Газа се наѕира хуманитарна катастрофа: на луѓето им недостасува храна и вода за пиење. Вонредната состојба ги влошува суштинските проблеми на регионот кој и онака нема доволно вода.

https://p.dw.com/p/4dzEJ
Појасот Газа
Глад и жед: хуманитарна катастрофа во Појасот ГазаФотографија: Abed Zagout/Anadolu/picture alliance

Експертите алармираат: во Појасот Газа се заканува глад. Ако ништо не се промени, тоа ќе се случи најдоцна до мај во крајбрежниот појас на северот, се вели во новиот извештај на таканаречената ИПЦ иницијатива за анализа на кризата со храна. Половина од луѓето кои живеат таму веќе се во тешка состојба.

Експертската група, која се состои од различни организации и групи за помош на ОН, се заснова на таканаречената интегрирана класификација на фазата за безбедност на храната (ИПЦ), врз основа на која работат Обединетите нации (ОН). Официјалната класификација на „глад“ значи дека најмалку 20 проценти од населението е погодено од екстремен недостиг на храна.

Сегашната ситуација најверојатно ќе доведе до премала достапност на храната во иднина, се вели во извештајот. Ќе биде ограничен и пристапот до медицинска нега, вода и канализација.

Населението во Појасот Газа веќе неколку месеци страда од акутен недостиг на вода. „Пристапот до доволно количество чиста вода е прашање на живот и смрт“, рече извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел во декември, мислејќи на Појасот Газа. „Децата во Газа едвај имаат вода за пиење“, напиша таа на платформата X. „Без чиста вода, многу повеќе деца ќе умрат“.

Солени и контаминирани подземни води

Војната меѓу Израел и Хамас драматично ја влоши и онака тешката ситуација. Водената криза е пред се последица на географската положба на крајбрежниот појас. Најголем дел од потребната вода доаѓа од природен подземен резервоар за вода, кој, сепак, има поголема содржина на сол поради неговата близина до морето. Загадена е и со непречистена отпадна вода.

Оштетувањето на водоводната инфраструктура во претходните конфликти меѓу Израел и милитантниот исламистички Хамас, исто така, придонесе за дополнително загадување на водата. Во 2011 година, Обединетите нации утврдија дека над 90 отсто од подземните води не се безбедни за пиење без дополнителен третман.

Борба за леб и вода во Појасот Газа

Затоа, Појасот Газа уште повеќе зависи од водата за пиење од Израел. Како одговор на терористичкиот напад на исламистичкиот Хамас на 7 октомври, Израел го прекина водоснабдувањето до крајот на месецот. Откако вентилите беа повторно отворени, повеќе од 28 милиони литри вода за пиење од Израел одат во Појасот Газа секој ден, според Тајмс оф Израел. Сепак, пред 7 октомври тоа изнесуваше 49 милиони литри.

Бидејќи снабдувањето со електрична енергија и гориво, исто така, во голема мера е во застој, третманот на произведената вода во Газа исто така се влошува: прекините на електричната енергија исто така ја ограничуваат работата на постројките за десоленизација. 

Единствената електрана во Газа мораше да престане со работа во октомври поради недостиг на гориво. Во Појасот Газа, дизелот се користи за производство на електрична енергија за генераторите. Електричната енергија, од друга страна, се користи за работа на постројки за десоленизација и прочистување на водата. Значи, без дизел гориво, луѓето во Појасот Газа немаат пристап до чиста вода за пиење.

Одамна познати проблеми

Проблемите со водата во Појасот Газа се познати со години, но не се адекватно решени, вели Тобијас фон Лосов, експерт за политика за водите на Блискиот исток во институтот Клингендел во Хаг. Со децении е јасно дека снабдувањето со вода во Појасот Газа итно треба да се подобри. Меѓу другото, неопходни се поголеми постројки за десоленизација на водата. „Но, тие досега не се изградени, иако освен третман на вода и испораки од Израел, практично нема други опции за снабдување на населението со чиста вода за пиење.

Појасот Газа
Во Појасот Газа се наѕира хуманитарна катастрофа: на луѓето им недостасува храна и вода за пиење.Фотографија: Mohammed Salem/REUTERS

Ситуацијата на Западниот Брег

Ситуацијата на Западниот Брег е нешто помалку напната отколку во Појасот Газа, иако населението страда и од недостиг на вода. Таму се губи многу вода поради дефекти на инфраструктурата и застарени и оштетени цевки, се вели во извештајот на американската организација GlobalWaters.org, која е одговорна за обезбедување на глобалното снабдување со вода.

Само нешто помалку од една третина (31 процент) од домаќинствата на палестинското население на Западниот Брег се приклучени на канализационата мрежа. И воопшто, само пет до десет проценти од палестинските отпадни води се пречистуваат. Според GlobalWaters, ова дополнително ги исцрпува достапните подземни води.

Мировниот процес во Осло го регулираше и водоснабдувањето

Соработката меѓу Израел и палестинската управа во областа на водоснабдувањето е билатерално регулирана во рамките на мировниот процес во Осло. Заедничкиот комитет за води (JVC), кој се состои од еднаков број експерти од палестинската управа и Израел, е одговорен за спроведување. Сепак, двете страни не ја делат водата подеднакво. Израел контролира 80 отсто од водните ресурси - што всушност беше договорено со Договорот од Осло, но само како привремено решение.

Палестинците кои живеат во таканаречените области Ц, односно области под израелска контрола и цивилно и безбедносно, се во тешка ситуација. Тие не се поврзани со израелски или палестински мрежи. Во 2014 година ова се однесуваше на 90.000 Палестинци.

Според извештајот на израелската амбасада од 2016 година, Израел доставува повеќе од двојно повеќе вода за Палестинците отколку што е предвидено во договорот: 64 милиони кубни метри годишно наместо договорените 31 милион кубни метри.

„Само една од неколкуте компоненти на конфликтот“

Сепак, достапноста на вода на Западниот Брег значително се намали последниве години. „Падот на нивото на водата во Мртвото Море во просек за еден метар годишно покажува како се зголемил притисокот врз водните ресурси“, вели Тобијас фон Лосов. „Покрај тоа, политичките околности овде, исто така, го отежнуваат обезбедувањето подобро водоснабдување. Покрај тоа, Израелците - вклучително и израелските доселеници на Западниот Брег - користат околу три пати повеќе вода од Палестинците. Ова го нагласуваат израелските организации за човекови права како што е B`Tselem.

Спорот за водата влијае и на општиот палестинско-израелски конфликт, вели Фон Лосов. „Но, тоа е само една од неколкуте главни компоненти кои го обликуваат овој конфликт, како што се територијалните прашања, идентитетските прашања, верските прашања или воените прашања.

 

Незамислива хуманитарна катастрофа во Газа