1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГрција

Грција: Претепан екс министерот за финансии Варуфакис

ЕМФ | дпа
11 март 2023

Поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис бил нападнат и повреден од страна на маскирани лица. Варифакис смета дека се работи за платени тепачи.

https://p.dw.com/p/4OXkX
Јанис Варуфакис бил нападнат во Атина
Јанис Варуфакис бил нападнат во АтинаФотографија: picture-alliance/NurPhoto/G. Georgiou

Нападот врз поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис се случил вчеравечер (10.03) во Атина. Левичарскиот опозициски политичар бил виден во ресторан од група од околу 20 луѓе, кои прво го навредувале од улица.

Потоа Варуфакис излегол пред вратата на ресторанот, каде што бил нападнат од повеќе маскирани лица. Тие го фрлиле на земја, го шутирале и удирале по лицето. Екс министерот е префрлен во болница со скршен нос.

Варуфакис на Твитер се заблагодари за солидарноста која што му била изразена по нападот. Тој ги негира информациите дека напаѓачите биле од автономната сцена, анархисти или левичари. 

Варуфакис смета дека поверојатно е да се работи за платени тепачи, кои го обвинувале дека ја „продал“ Грција на странците во текот на должничката криза во 2015 година, додека тој беше на функцијата министер за финансии.

Јанис Варуфакис со сопругата на првомајски марш во Атина во 2018 година
Јанис Варуфакис со сопругата на првомајски марш во Атина во 2018 годинаФотографија: picture alliance/NurPhoto/G. Georgiou

Партијата на Варуфакис, Мера25, за нападот вели дека е „фашистички“. Економистот Јанис Варуфакис денес е пратеник во парламентот.