1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Шолц во Киев вети натамошна воена помош за Украина

СН/агенции
2 декември 2024

Германскиот канцелар Шолц пристигна во прва посета на Украина по две и пол години. По неговото пристигнување, Шолц рече дека Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа. Киев може да се потпре на тоа.

https://p.dw.com/p/4ndJk
Канцеларот Олаф Шолц пристигна во главниот град на Украина, Киев рано наутро со специјален ноќен воз
Канцеларот Олаф Шолц пристигна во главниот град на Украина, Киев рано наутро со специјален ноќен возФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во главниот град на Украина, Киев за да се сретне со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. По пристигнувањето најави натамошна испорака на оружје чија вредност изнесува 650 милиони евра. Ова е вторпат канцеларот Олаф Шолц да отпатува во Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина. Тој пристигна во главниот град Киев рано наутро со специјален ноќен воз. По неговото пристигнување, Шолц рече: „Повеќе од 1.000 дена Украина херојски се брани од безмилосната руска агресорска војна“. Со својата посета канцеларот сака да ја изрази својата солидарност и јасно да стави до знаење дека Германија ќе остане „најсилниот поддржувач на Украина во Европа“.

Планирана средба со Зеленски

За време на посетата, Шолц ќе се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Разговорите веројатно ќе се однесуваат околу ситуацијата на фронтот, но и можните дипломатски иницијативи кои би можеле да дојдат од идната американска влада под водство на Доналд Трамп за ставање крај на војната. Шолц неколкупати разговараше со Зеленски и американскиот претседател Џо Бајден, а на оваа тема разговараше и со Доналд Трамп.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивната средба во Њујорк во септември 2024 година
Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на нивната средба во Њујорк во септември 2024 годинаФотографија: abaca/picture alliance

Шолц во Киев сака да пренесе повеќе детали околу новата испорака на воена помош за Украина вредност од 650 милиони евра, која треба да се случи во декември.

Посета во тежок периот за Украина

Шолц последен пат ја посети Украина во јуни 2022 година, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и тогашниот италијански премиер Марио Драги.

Актуелната посетата се случува во особено тешка фаза од војната за Украина. Земјата е под зголемен притисок поради континуираните напади на руската армија на исток, а се бори и да ги задржи териториите во областа Курск. Несигурност создава и неизвесноста  околу идниот курс на САД кон Украина, по смената на власта во Вашингтон.