1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел се согласи со прекин на огнот

ЕМФ | агенции
22 ноември 2023

Израелската влада се согласи со неколкудневен прекин на огнот во Газа и размена на заложници за палестински затвореници. Мнозинството од владата гласаше за соодветен договор со радикално исламистичкиот Хамас.

https://p.dw.com/p/4ZI1g
Чад во Појасот Газа по израелски воздушен напад
Чад во Појасот Газа по израелски воздушен напад, 21.11.2023Фотографија: Leo Correa/AP Photo/picture alliance

Израелската влада одобри прекин на огнот во војната против Хамас. Договорот предвидува милитантната исламистичка група да ослободи приближно 50 од околу 240 заложници што ги киднапираше во Појасот Газа за време на терористичкиот напад врз Израел на 7-ми октомври. Примирјето исто така овозможува хуманитарна помош за Појасот Газа.

Хамас го потврди ослободувањето на 50-те заложници во рамки на четиридневниот прекин на огнот и рече дека договорот за возврат предвидува ослободување на 150 палестински затвореници. По тешки преговори со посредство на Катар и Египет, беше постигнат договор, соопшти терористичката организација на Телеграм.

Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјахупак, соопшти: „Владата ги одобри контурите на првата фаза од договорот што вклучува ослободување на најмалку 50 киднапирани - жени и деца - во текот на четири дена во кои ќе нема борби“.

Можно е продолжување на примирјето

Според израелските медиуми, меѓу заложниците кои треба да бидат ослободени 30 се деца, осум се мајки и има дванаесет постари жени. Првично беше нејасно дали меѓу нив има и Израелци со втор пасош. Според информациите на онлајн-весникот Тајмс оф Израел, палестинските затвореници што треба да бидат ослободени ќе бидат вратени во местото во кое живееле пред нивното затворање, вклучително и на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Телевизијата Канал 12 објави дека израелските болници се подготвени за пристигнување од киднапираните. Според овие информации, тие треба да бидат однесени од Појасот Газа преку граничниот премин Рафах до Египет, а оттаму пренесени во Израел со хеликоптер. Договорот, како што се вели, би требало да предвидува и можно продолжување на прекинот на огнот. Тогаш Хамас ќе треба да ослободува по уште десет заложници секој ден. Израел претпоставува дека на тој начин може да бидат ослободени вкупно 80 заложници.

Израел Ерусалим плакати заложници
Плакати во Ерусалим со лицата на заложниците киднапирани од милитантно исламистичкиот ХамасФотографија: Xinhua/picture alliance

Катар: Црвениот крст ќе го следи ослободувањето на заложниците

Според информации од Катар, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) ќе го следи ослободувањето на заложниците. „Тоа ќе биде интензивен период во кој деноноќно ќе бидеме во директен контакт со МКЦК и двете страни за да се осигураме дека ослободувањето на заложниците ќе помине совршено“, изјави катарскиот државен министер во Министерството за надворешни работи, Мохамед Ал-Кулаифи. Прекинот на огнот значи дека „нема да има напади. Нема воени движења, нема експанзија, ништо“. Катар се надева дека договорот „ќе биде семе за поголем договор и траен прекин на огнот. Тоа е нашата намера“, потенцира Ал-Кулаифи.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема